ДАФИФ (англиски: Digital Aeronautical Flight Information File или скратено DAFIF) — сеопфатна база на податоци за најнови воздухопловни податоци , вклучувајќи аеродроми, воздушни патишта, воздушни простори, податоци за навигација и други факти важни за летање во целиот свет, раководена од страна на Националната агенција за геопросторна-интелигенција (NGA). На македонски јазик скратено се нарекува ДДИВЛ или во превод „Дигитална податотека за информации за воздухопловни летови“.

Повлекување на јавниот пристап

уреди

ДАФИФ бил јавно достапен до октомври 2006 година, преку интернет, но сепак бил затворен за пристап на јавноста поради „зголемувањето на бројот на странски давателите на изворите кои се повикувале правата на интелектуална сопственост или ја предупредување НГА дека тие имаат намера да ги копираат нивните извори".[1] Во моментов само Федералните и државните владини агенции, овластени владини вработени и корисниците од Министерството за одбрана се во можност да пристапат до податоците на ДАФИФ.

Во моментот на објавување, НГА не истакнал кој се „странските даватели на извори“. Подоцна било откриено дека австралиската влада стои зад овој потег. Австралиската владина корпорација Воздушен Сообраќај Австралија во септември 2003 година започнала да наплаќа за пристап до австралиските податоци. Наместо да ги исклучи австралиските податоци, NGA одлучила да престане да ги прави податоците достапни за јавноста.[2]

УСФИФ

уреди

Дел наречен УСФИФ или Податотека на воздухопловни летови на Соединените Американски Држави кој содржел информации само за САД бил достапен на страницата на NGA сè до октомври 2007 година. На јавната страница на NGA веќе нема воздухопловни информации.

Наводи

уреди
  1. „NGA Invites Public Comment on Proposal to Remove Aeronautical Information from Public Sale and Distribution“ (PDF). Media Release. National Geospatial-Intelligence Agency (NGA). 2004-12-03. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-10-21. Посетено на 2016-09-23.
  2. Tiboni, Frank (2005-12-12). „NGA bans flight data from public view: Agency cites intellectual property rights as reason for policy shift“. Federal Computer Week (fcw.com). FCW Media Group. Архивирано од изворникот на 2006-06-22.