Агенција за храна и ветеринарство
Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) е еден од самостојните органи на државната управа на Република Македонија и е под директна јурисдикција на Владата на Република Македонија. Дирекцијата за храна е одговорна за вршење на стручните и управните работи во областа на безбедноста на храната и производите и материјалите коишто доаѓаат во контакт со храната.
Агенција за храна и ветеринарство | |
---|---|
Лого на Агенцијата | |
Податоци за органот | |
Основан | 2011 |
Претходник | Дирекција за храна (2005–2011) |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 362[1] (2022) |
Раководител | Оливер Миланов |
Мрежно место | |
fva.gov.mk |
Претходникот на агенцијата, Дирекцијата за храна е основана е на 1 јануари 2005 во состав на Министерството за здравство. АХВ е формирана во 2011 година со спојување на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство. Моментален директор е Оливер Миланов.
Цели и задачи
уредиОсновната цел на Дирекцијата за храна е обезбедување на безбедна и квалитетна храна во производството, дистрибуцијата и прометот, заштита на потрошувачите од заблуда и измама, заштита од болести кои потекнуваат или се пренесуваат преку храната, слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар.
Преку државните инспектори за храна се врши контрола во сите фази на производството и прометот со храната, вклучувајќи ги и угостителските објекти и увозот и извозот на храна. Исполнувањето на надлежностите од законската регулатива, овозможува заштита на потрошувачите и обезбедува брзо информирање од областа на храната, со цел заштита на здравјето и животот на луѓето со воспоставување на систем за анализа на ризик, заснована на научни сознанија и спроведена на независен, објективен и транспарентен начин.
Исто така функциите на Дирекцијата за храна се состојат и од преземање на чекори за да се гарантира дека храната на пазарите во Р.М е во согласност со највисоките стандарди за безбедност и хигиена на храната, како и да гарантира дека храната е во согласност со превните барања.
Организациона структура
уредиДирекцијата за храна се состои од три сектори:
- Сектор за стандарди за храна,
- Сектор за инспекциски надзор и
- Сектор за анализа на ризик
Сектор за стандарди за храна
уредиВо секторот за стандарди за храна се вршат нормативно-правни и стручни работи кои се во функција на извршување на основната дејност на Дирекцијата за храна, човечки ресурси, создавање на стандардите за храна, создавање на политика за заштита на потрошувачите, како и функционирање на информатичко-аналитички систем за логистичка поддршка на целокупното работење на истата. Овој сектор има 5 одделенија:
- Одделение за нормативно и управно-правни работи и човечки ресурси
- Одделение за административни работи и информатичко аналитички систем
- Одделение за заштита на потрошувачите
- Одделение за видови нутритивна храна, додатоци на храна, храна од ГМО и храна произведена со иновирани технологии
- Одделение за обезбедување на квалитет
Сектор за инспекциски надзор
уредиСекторот за инспекциски надзор ги врши работите и задачите што се однесуваат на остварување на функцијата за контрола на храната и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, преку следење на спроведувањето на прописите од областа на храната и непосредно учествува во управувањето со ризикот од храната. Овој сектор има исто така 5 одделенија.
Сектор за анализа на ризик
уредиВо овој сектор се врши анализа на ризикот, односно проценка на ризикот и комуникација на ризикот во поглед на безбедноста на храната, со цел навремено превенирање на сите потенцијални опасности, како и примена на научни согледувања во однос на безбедноста на храната и овозможување на мегународна соработка од интерес за функционирање на Дирекцијата. Секторот ја планира, подготвува, следи и евалуира мониторинг програмата за безбедност на храната. Секторот е контакт точка за Македонија за системот РАСФФ од ЕУ и воспоставува систем за навремено предупредување во однос на безбедноста на храната. Овој сектор е составен од 4 одделенија и тоа:
- Одделение за проценка на ризикот
- Одделение за комуникација и информација со ризик
- Одделение за научно-стручни работи и поддршка за меѓународни проекти
- Одделение за мониторинг програма за безбедноста на храната
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.
Надворешни врски
уредиДирекција за храна на министерското мрежно место Архивирано на 1 август 2008 г.