Сардина
Сардина[3][4] или сардела[5][6] (латински: Sardina pilchardus) — морска риба од семејството харинги (Clupeidae).
Сардина | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Sardina |
Вид: | Сардина |
Научен назив | |
Sardina pilchardus (Валбаум, 1792)[2] | |
Синоними | |
|
Опис
уредиСардината е риба со издолжено тело, сплескана од страните. Горниот дел од телото е синкаво-зеленикав, а кон долниот дел бојата преминува во сребреникава. Сината боја се протега по страните. Има неколку црни дамки на страните и засек како ѕвезда на жабрените преклопци. Телото ѝ е покриено со големи лушпи. Сардините растат до 25 см во должина и до 8 дкг во тежина, додека просечната тежина е околу 3 дкг.
Распространетост
уредиСардините може да се најдат во источниот дел на Атлантикот помеѓу Исланд и Сенегал. Таа е вообичаена риба во Средоземното Море, особено на запад од Средоземјето, Јадранското и Црното Море.
Станува збор за пелагиска риба, што значи дека е постојано во движење, па нема постојано место на живеење или длабочина во која живее.
Начин на живот и исхрана
уредиСардината по правило се движи во јата, нема постојано место на живеење, но најчесто се задржува над корални и карпести дна или дно обраснато со алги. Се храни со планктони и други мали морски организми.
Размножување
уредиСардините се мрестат во постудените зимски месеци кога се повлекуваат подалеку од брегот во длабочините на морето. Тие ослободуваат огромни количества јајца кои лебдат на површината на морето. Во тие месеци е тешко да се ловат.
Стопанска вредност
уредиСардините се сметаат за кралица на рибите. Припаѓа на сината риба и е богата со незаситени аминокиселини омега-3 и омега-6, па затоа е многу здрава. Има вкусно месо, лесно сварливо, богато со протеини, јаглехидрати, масти, витамини, особено витамини А, Д и Е и минерали. Таа е многу барана бидејќи е меѓу најевтините риби што може да се добијат свежа. Во крајбрежните области се посолува, а вака солениот е одличен деликатес. Најчесто се фаќа со мрежи пливарки. Сочинува околу 60 отсто од вкупниот улов на риби во Јадранското Море.
Наводи
уреди- ↑ Tous, P.; Sidibé, A.; Mbye, E.; de Morais, L.; Camara, Y.H.; Adeofe, T.A.; Munroe, T.; Camara, K.; Cissoko, K.; Djiman, R.; Sagna, A.; Sylla, M. (2015). „Sardina pilchardus“. Црвен список на загрозени видови. 2015: e.T198580A15542481. doi:10.2305/IUCN.UK.2015-4.RLTS.T198580A15542481.en. Посетено на 12 November 2021.
- ↑ Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Sardina pilchardus" — FishBase. април 2006 г.
- ↑ „сардина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сардина“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сардела“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сардела“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик