Автофагија
Автофагија или автофагоцитоза – природен регулиран деструктивен механизам во текот на кој се разградуваат непотребните или нефункционални клеточни компоненти[1]. Така автофагијата овозможува правовремено разградување и рециклирање на клеточните компоненти.[2][3]
Во макроавтофагијата, целните цитоплазматски конституенти се изолирани од остатокот на клетката во двомембранска везикула, која се нарекува автофагозом.[4][5]
Зборот „автофагија“ постоел и често се користел од средината на 19 век.[6] Во сегашната употреба, терминот автофагија прв го користел белгискиот биохемичар Кристијан де Див во 1963 поврзано со неговото откривање на функциите на лизозомот. За истражувања на автофагијата јапонскиот научник Јошинори Осуми ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина.
Наводи
уреди- ↑ Klionsky, DJ. (2008). Autophagy revisited: A conversation with Christian de Duve. Autophagy, 4 (6): 740–3.
- ↑ Mizushima, N; Komatsu, M. 2011. Autophagy: renovation of cells and tissues. Cell, 147 (4): 728–41.
- ↑ Kobayashi, S. (2015). „Choose Delicately and Reuse Adequately: The Newly Revealed Process of Autophagy“. Biological & Pharmaceutical Bulletin. 38 (8): 1098–103.
- ↑ Mizushima, N; Yoshimori, T; Ohsumi, Y. 2011. The Role of Atg Proteins in Autophagosome Formation. Annual Review of Cell and Developmental Biology, 27 (1): 107–132.
- ↑ Xie, Z; Klionsky, DJ. 2007. Autophagosome formation: core machinery and adaptations. Nature cell biology, 9 (10): 1102–9.
- ↑ Ktistakis, N. T. (2017). „In praise of M. Anselmier who first used the term "autophagie" in 1859“. Autophagy. 13 (12): 2015–2017. doi:10.1080/15548627.2017.1367473. PMC 5788564. PMID 28837378.
Надворешни врски
уреди„Автофагија“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |