Авионска несреќа кај Смоленск
Авионската несреќа кај Смоленск се случила на 10 април 2010 во 8:51 по месно време до локалниот аеродром во близина на градот Смоленск (Смоленска област, западна Русија). Авионот бил од типот Ту-154 и бил користен од полската влада.
Туполев Ту-154М на Сиднејскиот аеродром in 2007 | |
Сумирани податоци за Accident | |
---|---|
Датум | 10 април 2010[1] |
Вид | Под истрага[1] |
Место | 1.5 kм (0.9 ми) Смоленска база[2] 54°49′31.19″N 32°3′10.28″E / 54.8253306° СГШ; 32.0528556° ИГД |
Патници | 89 |
Екипаж | 7 |
Жртви | 96 (сите)[3][4] |
Тип на авионот | Туполев Ту-154М |
Оператор | 36 SPLT, Полски Авиотранспорт |
Регистрација | 101 |
Полетал од | Аеродром Фредерик Шопен, Варшава, Полска |
Дестинација | Смоленска аеробаза Смоленск, Русија |
Во авионот во моментот на несреќата се наоѓале 96 патници, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качињски заедно со неговата сопруга и други видни полски државници и политичари, партиски и воени раководители.
Несреќата
уредиПретседателот Лех Качињски требало да го посети Смоленск по повод 70 години од Катинскиот масакар, односно од убиството на 22.000 полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.[5] Летот започнал од престолнината Варшава, од аеродромот Фредерик Шопен.[6] Според последните податоци на полските власти, во авионот се наоѓале најмалку 88 патници.[5], а според Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев, 132 патници.[7] Според неофицијални податоци засега, сите патници загинале во несреќата.[8][9] Несреќата се случила во услови на магла (500 метри видливост без Instrument Landing System) .
Во составот на полската делегација имало повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек. Пилотот трипати неуспешно се обидел да слета, а четвртиот обид бил кобен. Авионот Ту-154, кој бил управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урнал при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар.
Истрага
уредиПовеќето експерти веруваат дека причина за падот на авионот е преголемата самоувереност на пилотите, кои по секоја цена сакале да слетаат во Смоленск и да му ја исполнат желбата на својот претседател Качински да се поклони пред масакрираните сограѓани во шумата Катин.[10] Сепак дел од експертите не согласувале со ваквата верзија, тврдејќи дека пилотите владиниот авиони биле професионалци од највисока класа. Поранешниот полски претседател Лех Валенса јавно се посомневал дека пилотите можеби работеле по нечии инструкции.
Црните кутии биле пронајдени следниот ден по несреќата и испратени на анализа. Според првичните неофицијални резултати, пилотот на авионот на Качински игнорирал три предупредувања од Контролата на летот авионот да не слетува во Смоленск, туку да тргне кон Москва или кон Минск. Пилотот, сепак, решил да слетува потпирајќи се на визуелниот контакт со пистата и летал прениско, поради што авионот со трупот закачил дрвја и силно удрил на земја, само 1,5 километар од пистата.[11]
Последици
уредиВо рок од неколку часа по паѓањето на авионот, Претседателот на Русија Дмитриј Медведев, најавил дека ќе биде основана специјалната комисија за истрага на авионска несреќа. Комисијата ќе биде надгледувана од страна на премиерот на Русија, Владимир Путин.[12][13][14]
Според Уставот на Полска, Функцијата претседател ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државата.[15]
Список на дел од патниците
уредиAccording to the flight manifest on-board were:[16][17]
- Лех Качињски, претседател на Полска
- Марија Качинска , првата дама
- Ричард Качзоровски, последниот полски претседател во прогонство
- Јержи Шмајдзински, заменик-претседател на Собранието на Полска[18]
- Владислав Сташак, началник на претседателскиот кабинет
- Кшиштоф Путра, заменик-претседател на Собранието на Полска
- Кристина Бохенек, заменик-претседател на Собранието на Полска
- Јержи Бар, полски амбасадор во Русија[19]
- Владислав Стасак, потпарол на претседателот
- Александар Штигло, раководител на
- Фратишек Гонгор, началник на генерал-штабот на полските вооружени сили[20],
- Збигњев Васерман, пратеник
- Вислав Вода, пратеник
- Едвард Војтас, пратеник
- Гражинја Генсицка, пратеник
- Едвард Војтас, пратеник
- Пшемислав Госевски, пратеник
- Лешек Дептула, пратеник
- Гжегож Долнак, пратеник
- Себастијан Карпинук, пратеник
- Александра Натали, пратеник
- Аркадиуш Рибицки, пратеник
- Јоланта Шиманек, пратеник
- Изабела Јаруга, пратеник
- Јанина Фетлињскаја, пратеник
- Станислав Заец, пратеник
- Славомир Скшипек, гувернер[21]
- Јануш Кохановски
- Пётр Нуровски, претседател на Олимпискиот комитет на Полска[22].
Реакции
уредиМеѓународни изјави
уредиДржавници од многу земји и челниците на многу организации изразија сочувство до полскиот народ поради несреќата.
Наводи
уреди„Авионска несреќа кај Смоленск“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 „Названа предварительная версия крушения самолета президента Польши“. Lenta.ru (руски). Rambler Media Group. 2010-04-10. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ „Президент Польши погиб в катастрофе Ту-154 – всего 97 жертв“. Newsru.com (руски). 2010-04-10. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ (полски) Lista pasażerów i załogi samolotu TU-154 Архивирано на 13 април 2010 г., MSWiA Poland
- ↑ The list of perished during the Tu-154 plane crash in Smolensk Region Архивирано на 27 септември 2011 г., EMERCOM Russia
- ↑ 5,0 5,1 „Polish President Lech Kaczynski 'in plane crash'“. BBC News Online. Посетено на 10 април 2010.
- ↑ „Accident description“. Aviation Safety Network. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 10 април 2010.
- ↑ http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/kachinski-negovata-sopruga-i-visoki-polski-funkcioneri-zaginaa-vo-avionskata-nesreka-ka
- ↑ „Polish president feared dead in plane crash“. MSNBC.com. Посетено на 10 април 2010.
- ↑ Bloomberg Polish President, Bank Chief in Plane Crash, Reports
- ↑ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121936 Извештај од А1 Телевизија: Детали за досегашната истрага
- ↑ http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A83BE4F3AB9614CA7F255983EBE742B Извештај од Дневник
- ↑ „Президент России“. Kremlin.ru. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ „Президент России“. Kremlin.ru. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ „Йюрюярпнтш: Пюяякеднбюмхе Наярнърекэярб Цхаекх Опегхдемрю Онкэьх Онпсвхкх Осрхмс“. Lenta.ru. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ „The Constitution of the Republic of Poland“. Посетено на 2010-04-10., Article 131
- ↑ „Prezydenckim Tu-154 leciały najważniejsze osoby w państwie“ (полски). Посетено на 10 април 2010.
- ↑ „Polish president's plane crashes in Russia: ministry“. Google. Посетено на 10 април 2010.
- ↑ На самолете, упавшем под Смоленском, находился президент Польши - МИД
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-13. Посетено на 2010-04-10.
- ↑ Названа предварительная версия крушения самолета президента Польши
- ↑ Самолет президента Польши разбился в России
- ↑ „Президент НОК Польши погиб в авиакатастрофе под Смоленском“. Архивирано од изворникот на 2010-04-13. Посетено на 2010-04-10.