AEGEE

(Пренасочено од АСС)

AEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des Etats Généraux des Etudiants de l’Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција.

Лого на AEGEE-Europe

AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација. Денеска ја има во 300 универзитетски градови и обединува 20 000 членови преку идејата за обедината Европа.

Европа без граници, без препреки, непријателства и без наметнати разлики. Почитувајки се меѓусебно, а притоа да не се одрекуваме од своите особености, култури, религии, историски вредности, можеме да ја зајакнеме свеста за обединета Европа и да изградиме Европа која ќе биде симбол на слободата, демократијата, човековите права, взаемното почитување.

Структура

уреди

AEGEE е европска и не постои на национално ниво. Целосно се потпира на локални групи, наречени антени. Организацијата е координирана од европскиот одбор на директори во Брисел, што се нарекува Comite Direceur.

Работните групи (Working groups) се скелетот на АЕГЕЕ мрежата, а меѓу многуте се и: Исток-Запад, Човекови права, Образовна работна група, Р.Г. за Слободен Визен Режим, Еколошка работна група и др.

Агора е генерално собрание кое се одржува двапати годишно. АЕГЕЕ организира и конференции и семинари на определени теми: Мир и стабилност, Европа без граници, Фаст фуд општество, итн. Во 2000 година имаше 286 конференции и летни универзитети.

Централните годишни настани се летните универзитети. Се одржуваат на ниво на антените со цел запознавање на јазикот на една земја, нејзината култура, начинот на живот, обичаите, историјата и сл. ЛУ во просек трае две недели и предтставува најдобар начин на стекнување нови пријатели и патувања ширум Европа.

Летните универзитети се одржуваат во преку 100 европски градови, така што им овозможуваат на сите заинтересирани голем избор, а генералната цена за нив е 150 €.

AEGEE-Скопје

уреди
 
Лого на AEGEE-Скопје

АЕГЕЕ - Скопје е дел од разгранетата мрежа на АЕГЕЕ - Европа. Основано е во 1993 година при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Вклучувајќи се во сите активности на АЕГЕЕ мрежата, АЕГЕЕ - Скопје за само 7 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 година за една од десетте најуспешни антени во Европа. АЕГЕЕ - Скопје издава и магазин Europe – No borders no limits којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕГЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. АЕГЕЕ - Скопје е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт и Валенсија. АЕГЕЕ - Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани, како:

  • Летни универзитети
    • Виа Игнатиа (1996) - организиран во соработка со АЕГЕЕ-Солун и АЕГЕЕ -Истанбул
    • 7/8 (1997) - организиран во соработка со АЕГЕЕ Белград
    • Патување низ Македонија (1998) - Country of culture, Land of Nature
    • Две култури сјаат под балканското сонце (1999) - организиран во соработка со АЕГЕЕ -Атина
    • Шо е шо, а шо е не? (2000)
    • Рецепт за добар одмор (2001) - организиран во соработка со АЕГЕЕ- Белград
    • Македонски древнини (2002)
    • Македонска бајка (2003)
  • Зимски универзитети
    • Ski Week (1997/1998) Маврово
    • Ski Week (1998/1999) Маврово
    • Ski Week (1999/2000) Маврово
    • Ski Week (2002/2003) Пелистер
  • Конференции
    • Приватизација во Источна Европа (1995)
    • Да ја разбереме Европа (1996)
    • CST1 ex-Yugoslavia (1996)
    • Визии за 21 век (1997, локален настан )
    • Македонија, каде што виното значи квалитет (1998)
    • Еврото и ние, со еврото во Европа (1998, локален настан)
    • CST2 ex- Yugoslavia (1999)
    • Панел дискусии за Европската Унија (1999, локален настан)
    • Претседателски собир (2000)
    • Get in the culture, feel the nature (2000)
    • Еколошка експедиција на езерото Матка (2000, локален настан)
    • Балкан Идеја, 2000
    • Education Action Week – европска недела на образованието, 2001
    • 10 Години АЕГЕЕ- Скопје (Локален Настан) 2002
    • Презентација на АЕГЕЕ - Скопје за нови членови 2002
    • Летајте на Крилјата на знаењето - НВО саем 2002
    • Европските димензии во високото образование 2002
    • Пролетен ден во Европа 2003
    • Пролетен Ден во Европа 2004
  • Размени (остварени со други АЕГЕЕ антени)
    • Атина (1999)
    • Благоевград (1999)
    • Белград (1999)
    • Утрехт (2000)
    • Нови Сад (2000)
    • Загреб (2001)
    • Ниш, Белград, Загреб, Марибор, Никшиќ, Нови Сад, Приштина, Павија (Италија) 2002
    • Марибор (2003)

За тековната година АЕГЕЕ- Скопје има изработено неколку амбициозни проекти кои во својата срж ја носат најблагодарната идеја за меѓучовечко разбирање, позитивно мислење, отвореност на мислите, љубов и толеранција. Освен исклучително високата амбициозност, ентузијастичкиот пристап, мотивираноста и волјата на нашите членови студенти - а идни двигатели на Европа и Македонија во неа, мошне важен сегмент во животот на АЕГЕЕ се и позитивните односи со медиумите и потенцијалните спонзори и пријатели на европската идеја за еден похуман свет и подобар живот за сите во обединета Европа. Тоа всушност е мотото на нашата организација.

AEGEE-Skopje беше организатор на најголемиот настан во целата мрежа - Пролетна Агора 2004! “Some call it Europe, we call it home”.

Надворешни врски

уреди