Џуанци
Џуанците или Жуанзи (џуаншки: Bouчcueŋь/Bouxcuengh, кинески: 壮族 пинјин: Zhuàngzú) се етничка малцинска група која живее во НР Кина, односно околу 87% од вкупниот број на Џуанците. Џуанците зборуваат на џуаншки јазик, службениот јазик на Автономниот регион Гуангсји.
| |||||||||||||||||||||||||
Вкупен број | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
~18.54 милиони(според пописот од 2010 г.) | |||||||||||||||||||||||||
Подрачја со значајно население | |||||||||||||||||||||||||
Кина АР Гуангсји | 14.207.143(2000)[1] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Јинан | 1.144.021(2000)[2] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Гуангдунг | 570.200[3] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Гуејџоу | 52.065(2000)[4] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Хајнан | 50.507 (2000)[5] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Хунан | 23.559 (2000)[6] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Хебеј | 20.832 (2000)[7] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Џеџанг | 18.998 (2000)[8] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Фуџен | 10.818 (2000)[9] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Џангдин | 8.934 (2000)[10] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Хубеј | 7.824 (2000)[11] | ||||||||||||||||||||||||
Кина Пекинг | 7.322 (2000)[12] | ||||||||||||||||||||||||
Јазици | |||||||||||||||||||||||||
џуаншки јазик, кинески јазик | |||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | |||||||||||||||||||||||||
претежно тибетски будизам | |||||||||||||||||||||||||
Сродни народи | |||||||||||||||||||||||||
Буејци, Тауци |
Дефиниција
уредиЏуаншкиот народ грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Џуанци. Во поширока смисла, со поимот „џуаншки народ“ се означува секое население што зборува на еден од џуаншките јазици. Името „Џуанци“ за првпат се појавило во 10 век во записите на Кинезите. Точното потекло на џуаншките јазици не е познато.
Распространетост
уредиДенес, Џуанците живеат во Кина, Виетнам, Лаос, Мјанмар, Тајланд и неколку останати азиски земји. Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Кинескиот попис од 2000 година покажал дека во НР Кина живеат 16.18 милиони Џуанци. Кинескиот попис од 2010 година покажал дека во НР Кина живеат 18,5 милиони Џуанци и е најголема етничка малцинска група во НР Кина, и се воглавно сконцентрирани во Автономниот регион Гуангсји. Иако поголем процент на населението се Кинези, во регионот има два службени јазици: кинески јазик и џуаншки јазик. Населението на Автономниот регион Гуангсји се состои од 32.3 % Џуанци, поточно 14,2 милиони луѓе (според пописот од 2000 г).[1] Во покраините Јинан и Гуангдунг, Џуанците се народ со околу 2.300.000 луѓе(според пописот од 2010 г.)[2]
Наводи
уреди- ↑ „Попис од 2000 г.“. Архивирано од изворникот на 2018-11-09. Посетено на 2012-02-05.
- ↑ според пописот од 2010 г. ISBN 7105054255
Надворешни врски
уреди- Џуанци во покраината Јинан (англиски)