Џерманвингс (Germanwings) — нискобуџетна авиопревозник со централа во Келн, Германија. Оперира на преку 66 одредишта низ Европа. Главна база на авиокомпанијата е аеродромот Келн/Бон, а како помали центри ги има аеродромите во Штутгарт, Берлин Шонефелд, Хамбург и Дортмунд.

Џерманвингс
Germanwings
IATA ICAO Ознака
4U GWI GERMAN WINGS
Основан1997
ЈазлиАеродром Келн/Бон
Аеродром Штутгарт
Поважни градовиАеродром Берлин Шонефелд
Аеродром Хамбург
Аеродром Дортмунд
Програма за чести летачиBoomerang Club
Летала29 (+9 orders)
Одредишта67
Гесло"Deine Flügel" или "Твоите крилја"
Матично претпријатиеEurowings
СедиштеДортмунд, Германија
РаководствоThomas Winkelmann (CEO)
Dr. Joachim Klein
Мрежо местоhttp://www.germanwings.com

Историја

уреди

Авиокомпанијата беше основана во 1997 година, како "Eurowings Flug GMBH", и беше преименувана во Џерманвингс на 27 октомври 2002 година. Авиокомпанијата е во целосна сопственост на Eurowings, која пак е целосно контролирана од Луфтханза, која има и 49% удел во управувачкиот пакет на компанијата. Главни соперници на авиокомпанијата се останатите Европски ниско буџетни авиокомпании како: Ryanair и easyJet, како и TUIfly. Авиокомпанијата се шири со огромна брзина и продолжува да додава нови одредишта.

Одредишта

уреди

Погледни опширно: Одредишта на Џерманвингс.

Флота

уреди

Флотата на Џерманвингс се состои од еден единствен тип на авиони:

  • 29 Ербас А319 (плус 9 нарачки)

Погледни исто така

уреди

Аеродром Келн/Бон

Аеродром Берлин Шонефелд

Аеродром Хамбург

Аеродром Штутгарт

Луфтханза