Џена Ортега
Џена Мари Ортега (англиски: Jenna Ortega; родена на 27 септември 2002) — американска глумица. Почнала да глуми уште како дете, а се истакнала со нејзината улога на младата Џејн во хумористичната серија, Девицата Џејн (2014-2019). Се пробила со улогата на Харли Дијаз во Дизниевата серија „Заглавени во средината “ (2016-2018), која во 2018 година ѝ ја донела наградата „Имиџен“ за „Најдобра млада глумица на телевизија“. Таа, исто така, го позајмила гласот на принцезата Изабела во анимираната серија Елена од Авалор (2016-2020).
Џена Ортега | |
---|---|
Џена Ортега во 2022 | |
Роден(а) | Џена Мари Ортега 27 септември 2002 Палм Дезерт, Калифорнија, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 2012–денес |
Ортега ја почна својата транзиција кон телевизијата глумејќи како Ели Алвес во трилер серијата на Нетфликс „Ти“, а потоа глумела во филмовите на Нетфликс „Бејбиситерка 2: Убиствена кралица“ (2020) и „Ден за да“ (2021). Таа била пофалена од критиката за нејзината глума во тинејџерската драма Последици (англ. The Fallout; 2021). Потоа се појавила во филмовите на ужасите Студио 666 и Х (и двата во 2022 година); истата година ја играла Тара Карпентер во филмот Вресок 6 (2022) и за нејзината улога на „Филмските и телевизиски награди на MTV“ ја добила наградата „Најзастрашувачка изведба“. Таа го позајмила гласот на Бруклин во анимираната серија на Нетфликс, Паркот Јура: Светскиот камп Креда (2020-2022). Исто така во 2022 година, Ортега започнала да ја глуми Среда Адамс во хорор-комедијата Среда, за која добила номинации за: „Златен глобус за најдобра глумица“, „Награда „Еми“ за серија во ударен термин“ и награда од Друштвото на филмски глумци за „Најдобра глумица во хумористична серија“.
Освен по актерството, Ортега се истакнува и со нејзината филантропија, како и со нејзиниот јавен имиџ. Таа била на врвот на списокот од PopSugar „20 Under 20“ во 2020 година. Во 2022 година, била прогласена за „Следното големо нешто“ од Холивуд Репортер и била етаблирана како кралица на крикот. Таа е позната и по нејзиниот активизам за ЛГБТ права и против дискриминација.
Детство
уредиЏена Ортега е родена на 27 септември 2002 година[1] во Палм Дезерт, Калифорнија,[2] [3] како четврто од шесте деца на нејзините родители. [4] Татко ѝ има мексиканско потекло, а мајка ѝ има мексиканско и порториканско потекло.[5] Поради нејзината кариера, Ортега „навистина не живеела нормален начин на живот“ и изрази жалење што го пропуштила традиционалното средношколско искуство.
Наводи
уреди- ↑ Sangster, Ella (December 8, 2022). „Everything You Need to Know About Wednesday[[:Предлошка:'s]] Jenna Ortega“. Harper's Bazaar Australia. Архивирано од изворникот на March 20, 2023. Посетено на August 23, 2023. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ „Jenna Ortega“. TV Guide (англиски). Архивирано од изворникот на August 24, 2023. Посетено на August 23, 2023.
- ↑ Bahr, Sarah (November 23, 2022). „Jenna Ortega Knows What Wednesday Addams Wants“. The New York Times (англиски). Архивирано од изворникот на August 23, 2023. Посетено на August 23, 2023.
- ↑ „Disney Channel - Stuck in the Middle - Bios“. DisneyABCPress. Архивирано од изворникот на May 1, 2016. Посетено на April 21, 2016.
- ↑ Ward, Fiona (December 13, 2022). „Jenna Ortega Is Going to Be Everywhere in 2023 – Here's Everything You Need to Know About the Wednesday Star“. Glamour UK. Архивирано од изворникот на October 8, 2023. Посетено на September 3, 2023.
Надворешни врски
уреди- Џена Ортега на Семрежната филмска база на податоци (англиски)