Џанибеков ефект (или Џанибеков феномен) е појава на наизменично менување на оската за 180 степени на тело кое ротира, при што ротацијата не прекинува.

Откривање на ефектот

уреди

Џанибековиот ефект е откриен на 25 јуни 1985 година од рускиот космонаут Владимир Александрович Џанибеков (рус. Владимир Александрович Джанибеков), при еден од своите пет летови во вселената, одвртувајќи завртка со крилца од навртна шипка со удар. Поради бестежинската состојба, завртката продолжила да ротира во права линија, но наизменично и спирално менувајќи ја оската на вртење за 180о во точно определни интервали.

Научно објаснување

уреди

Во бестежинска состојба (нула гравитација), оската ротира слободно, но телото одеднаш се превртува во спротивна насока, додека ротацијата продолжува. Појавата се повторува и телото се враќа во првобитната положба. Според достапните научни објаснувања, ефектот настанува како резултат на нестабилноста на средниот момент на инерција на тело кое ротира во оска блиска до главната оска.

И покрај интересниот феномен, резултатите од истражувањата вршени во бестежински кабини на Земјата достапни за јавноста, се минимални.[1]

Промена на земјените полови и теории на заговор

уреди

Во отсуство на научни објаснувања, теориите на заговор го поврзуваат овој феномен со промената на магнетните (дури и физичките) полови на планетата Земја, појава која наводно се случува на секои 12.000-12.500 години. Поради неа, заштитните сфери на Земјината атмосфера ќе го изгубат заштитното својство да ги одбиваат смртоносните космички и сончеви зраци, што ќе доведе до изумирање на поголемиот дел од живиот свет на планетата Земја.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Google Dzhanibekov effect . Google. 12 ноември 2011. Посетено на 12 ноември 2011.
  2. Рускиот академик Дудишев за промената на земјените полови во 2012 година. Дудишев. 29 април 2011. Посетено на 12 ноември 2011.