Џамија Шабанџи Меркез

(Пренасочено од Џамија Sabanci)

Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е една од најголоемите џамии во Турција[2]. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата џамија („Сина џамија“) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимовата џамија во Едрене.

Џамија Шабанџи Меркез
Џамијата Шабанџи Меркез е најголемата џамија во Турција
Основни податоци
МестоТурција Адана, Турција
Координати36°59′29″N 35°20′03″E / 36.99139° СГШ; 35.33417° ИГД / 36.99139; 35.33417
Припадностислам
ЕпархијаСејхан
МитрополијаАдана
ПодрачјеСредоземје
Статусактивна
Архитектонски опис
Архитект(и)Неџип Дтнч
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска
Поставен темел1988
Завршен1998
Особености
Сместивост28500[1]
Висина на куполата (надв.)54
Минариња6
Висина на минарето99

Историја

уреди

Џамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.[3]

Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската религиозна фондација и фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата.

Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот Исток.

Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.

Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана итн. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Official Sabanci Foundation website“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2021-08-10.
  2. „A look into Adana's history by Incirlik Air Base“.
  3. „Sabancı Merkez Camii“. Sabancı Vakfı.