Џамија Абдул Рахман

Џамијата Абдул Рахманџамија која се наоѓа во Кабул, Авганистан. Оваа џамија е позната и како Големата Џамија во Кабул. Објектот се состои од три ката и е изградена на 3,5 хектари земја. Еден кат од зградата е посветен само на жени[1].

Џамија Абдул Рахман
Основни податоци
МестоКабул, Авганистан
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Завршен2007
Особености
Минариња1

Џамијата го носи името на влијателен авганистански стопанственик по име Хаџи Абдул Рахман кој починал, но неговите синови го продолжиле проектот. Изградбата на џамијата започнала во 2001 година од Хаџи Абдур Рахман, но била одложена неколку години поради бирократијата. Џамијата има капацитет да опслужува 10.000 луѓе истовремено. Исто така постои и медреса во внатрешноста на џамијата и библиотека која содржи 150.000 книги.

Главната работа на џамијата била завршена кон крајот на 2009 година, но официјалната инаугурација се одржала во јули 2012 година на која присуствувале поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и многу други високи функционери.

Наводи

уреди
  1. Abdul Qadir Siddiqui, уред. (July 13, 2012). „Karzai inaugurates huge mosque in Kabul“. Pajhwok Afghan News. Архивирано од изворникот на June 24, 2013. Посетено на 2012-07-16.