Џакомо Антонио Мелкиоре Черути (13 октомври 1698 – 28 август 1767) бил италијански сликар од времето на доцниот барок, активен во северна Италија, во Милано, Бреша и Венеција. Го добил прекарот Питочето (италијански: Pitocchetto, со значење: малиот просјак или просјаче) поради големиот број слики на селани облечени во крпи.

Џакомо Черути
Автопортрет, од изложба во Пинакотека Брера
Роден(а)Џакомо Антонио Мелкиоре Черути
13 октомври 1698(1698-10-13)
Милано
Починал(а)28 август 1767(1767-08-28) (возр. 68)
НационалностИталијанец
ОбразованиеКарло Череза
Познат(а) посликарство
Правецбарок

Животопис уреди

 
Жена со куче, 1740-те години, масло на платно, 96.5 x 72.3 см, Метрополитен музеј на уметноста, Њујорк

Роден е во Милано, но најмногу работел во Бреша. На почеток од својата работа, бил под влијание на Антонио Чифронди и/или на Џакомо Тодеско, а наобразба добил од Карло Череза. Додека Череза тој најмногу сликал мртва природа и теми од религија, Черути е познат по сликите со просјаци и сиромашни, кои ги сликал реално, но со невообичаено достоинство и индивидуалност.

Черути сликал на оваа тема во периодот од 1725 до 1740 година, а зачувани се околу 50 негови слики од тој период.[1] Мира Пахес Мериман во нејзиниот есеј со наслов Комедија, реалност, и развој на тематското сликарство во Италија, вели дека „неговите фигури не прават ништо, но и немаат што да прават“.[2] Таа ги опишува сликите на Черути како соочување со:

најдолните од заедницата; потиснатите и бездомните сиромашни; старите и младите со нивната сеприсутност, елоквентни знаци на нивната сиромаштија и тешкиот труд, сираци и нивните надредени, азили без радост кои нудат неплатена работа, уличари кои преживуваат со ситни парички заработени како носачи, и ги губат на коцка; болни, парализирани и деформирани; осамени вагабонди; дури и туѓинец од Африка — и сите во искинати и валкани алишта, сите со вперени очи директно во нас...[2]

Негова карактеристична слика е Жена со куче која е насликана јасно и без идеализирање. Како и во поголемиот дел од неговите слики, жената се појавува во преден план, а позадината е неидентификувана и темна.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Spike, 1986, pp. 66.
  2. 2,0 2,1 Spike, 1986, pp. 66-67.