Џакомо Черути
Џакомо Антонио Мелкиоре Черути (13 октомври 1698 – 28 август 1767) бил италијански сликар од времето на доцниот барок, активен во северна Италија, во Милано, Бреша и Венеција. Го добил прекарот Питочето (италијански: Pitocchetto, со значење: малиот просјак или просјаче) поради големиот број слики на селани облечени во крпи.
Џакомо Черути | |
---|---|
Автопортрет, од изложба во Пинакотека Брера | |
Роден(а) | Џакомо Антонио Мелкиоре Черути 13 октомври 1698 Милано |
Починал(а) | 28 август 1767 | (возр. 68)
Националност | Италијанец |
Образование | Карло Череза |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | барок |
Животопис
уредиРоден е во Милано, но најмногу работел во Бреша. На почеток од својата работа, бил под влијание на Антонио Чифронди и/или на Џакомо Тодеско, а наобразба добил од Карло Череза. Додека Череза тој најмногу сликал мртва природа и теми од религија, Черути е познат по сликите со просјаци и сиромашни, кои ги сликал реално, но со невообичаено достоинство и индивидуалност.
Черути сликал на оваа тема во периодот од 1725 до 1740 година, а зачувани се околу 50 негови слики од тој период.[1] Мира Пахес Мериман во нејзиниот есеј со наслов Комедија, реалност, и развој на тематското сликарство во Италија, вели дека „неговите фигури не прават ништо, но и немаат што да прават“.[2] Таа ги опишува сликите на Черути како соочување со:
најдолните од заедницата; потиснатите и бездомните сиромашни; старите и младите со нивната сеприсутност, елоквентни знаци на нивната сиромаштија и тешкиот труд, сираци и нивните надредени, азили без радост кои нудат неплатена работа, уличари кои преживуваат со ситни парички заработени како носачи, и ги губат на коцка; болни, парализирани и деформирани; осамени вагабонди; дури и туѓинец од Африка — и сите во искинати и валкани алишта, сите со вперени очи директно во нас...[2]
Негова карактеристична слика е Жена со куче која е насликана јасно и без идеализирање. Како и во поголемиот дел од неговите слики, жената се појавува во преден план, а позадината е неидентификувана и темна.
Галерија
уреди„Џакомо Черути“ на Ризницата ? |
-
Џуџе
-
Средба во шума
-
Тројца просјаци
-
Момче и корпа со риби
-
Кокошка, сад и кромид
-
Рак, риби и школки
-
Портрет
-
Портрет