Во Евклидовата геометрија, Њутнова права е правата која ги поврзува средните точки на двете дијагонали во конвексен четириаголник во кој има најмногу две паралелни страни.[1]

E, K, F се колинеарни. Правата на која лежат се вика Њутнова права

Својства

уреди

Отсечките GH и IJ кои ги поврзуваат средните точки на спротивните страни (бимедијаните) на конвексен четириаголник се сечат во точка која лежи на Њутновата права. Оваа точка K ја преполовува отсечката EF која ги поврзува средишните точки на дијагоналите.[1]

Од теоремата на Ан (Пјер-Леон Ан) и нејзината обратна теорема, секоја внатрешна точка P на Њутновата права на четириаголник ABCD има својство дека

 

каде P(△ABP) ја означува плоштината на триаголникот ABP .

Ако четириаголникот е тангентен, тогаш центарот на впишаната кружница исто така лежи на оваа права.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Claudi Alsina, Roger B. Nelsen: Charming Proofs: A Journey Into Elegant Mathematics. MAA, 2010, ISBN 9780883853481ISBN 9780883853481, pp. 108–109 (online copy при Гугл книги)
  2. Dušan Djukić, Vladimir Janković, Ivan Matić, Nikola Petrović, The IMO Compendium, Springer, 2006, p. 15.