Људевит Бариќ
Људевит Бариќ (Загреб, 20 октомври 1902 година — Загреб, 19 септември 1984), хрватски минералог.
Дипломирал хемија, физика и математика во Загреб. Голем дел од работниот век го поминал во Минералошкиот Музеј во Загреб, каде што тој бил директор 19 години. Во домашни и странски списанија му се објавени повеќе од 200 научни и стручни трудови, особено од областа на кристалоградбата и кристалооптиката. Има добиено бројни признанија и награди, меѓу другото, Наградата за животно дело.
Во 1930-тите години бил еден од двајцата предводници на подолготрајни теренски истражувања - минералошки експедиции низ Македонија, од кои вредните фотографии биле претставени на посебна изложба во МАНУ во декември 2015 година.