Љубица (филм)
Љубица (хрватски: Ljubica) - хрватски и југословенски филм од 1978 година, во режија на Крешо Голик. Главните улоги ги играат: Божидарка Фрајт, Миодраг Кривокапиќ, Иван Пико Станчиќ и Реља Башиќ. Ова е деветтиот филм на Голик.[1]
Синопсис
уредиЉубица (ја игра Фрајт) е привлечна жена во средните години која работи како педагог во центарот за глуви деца во Загреб. Нејзиниот маж (го игра Кривокапиќ) работи во странство и ретко се јавува дома. Нивното дете живее со баба му во селото. Љубица живее здодевен живот, а пресвртот настапува кога го запознава младиот, згоден студент (го игра Станчиќ)...[2]