Јута Клајншмид (родена 29 август, 1962) е германски натпреварувач на теренски трки со автомобили. Таа е позната по многубројните учества на релито Дакар, а особено по нејзината победа на релито во 2001, станувајќи првата жена со победа на релито.[1]

Јута Клајншмид во 2001
Јута Клајншмид, Рели-Париз-Дакар, 2005
Јута Клајншмид, Рели-Париз-Дакар, 2007

Таа е родена во Келн, Германија, а пораснала во Берхтесгаден, Горна Баварија.[2] Таа студирала физика на факултетот Исни Политекс, а потоа работела во BMW.[2] Своето прво учество на релито Дакар го имала во 1988, возејќи со BMW мотор.[2] Во 1994, таа се префрлила на категоријата коли, и во 1997, таа станала првата жена со победа на патека.[3] Следната година таа се искачила на подиумот, а во 2001, таа станала првата жена победник на релито.[1][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Kleinschmidt makes rally history“. BBC Sport. 21 јануари 2001. Посетено на 2009-04-06.
  2. 2,0 2,1 2,2 Volland, Bernd (6 март 2003). „Jutta Kleinschmidt“. Stern (германски). Посетено на 2009-06-18.
  3. 3,0 3,1 Schneider, Josef (20 април 2009). „Köpfe: Jutta Kleinschmidt“. Werkzeugforum (германски). Архивирано од изворникот на 2009-07-08. Посетено на 2009-06-18.

Надворешни врски

уреди