Јужносендвичка Плоча

тектонска плоча
(Пренасочено од Сендвичка Плоча)

Јужносендвичка Плоча или Сендвичка Плоча — мала тектонска плоча (микроплоча) која се граничи со подвлекувачката Јужноамериканската Плоча на исток, Антарктичката на југ и Скошанската на запад. Одвоена е од Скошанската со Источноскошанскиот Гребен, задлачен ширечки гребен образуван од зоната на подвлекување на нејзиниот западен раб. На оваа микроплоча се сместени Јужните Сендвички Острови.

Јужносендвичка Плоча
Јужносендвичката Плоча
Видмикро
Површина170.000 км2
Движење1источно
Брзина147 мм годишно
ОпфаќаЈужни Сендвички Острови, Јужен Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Подрачјето полнало да се подвлекува на приближувачка плочна граница пред 66 милиони години поради регионалното приближување на Анарктичката и Јужноамериканскаа Плоча. Постепеното ширење на морето Скоша и одвлекувањето на јужноамериканската океанска литосфера ја создале прародителската Скошанска Плоча. Јужносендвичката Плоча се одвоила од Скошанската пред 15 милиони години со создавањето на задлачен басен при развојот на Источноскошанскиот Гребен. Причината за одвојвуањето на Јужносендвичката од Скошанската Плоча сè уште е предмет на расправа: одвлекувањето на литосферата и апсолутното оддалечување на Скошанската Плоча од ровот. Сегашната состојба може да биде производ на заедничко делување на овие два механизма.[1]

Наводи

уреди
  1. van de Lagemaat, Suzanna H. A.; Swart, Merel L. A.; Vaes, Bram; Kosters, Martha E.; Boschman, Lydian M.; Burton-Johnson, Alex; Bijl, Peter K.; Spakman, Wim; van Hinsbergen, Douwe J. J. (1 април 2021). „Subduction initiation in the Scotia Sea region and opening of the Drake Passage: When and why?“. Earth-Science Reviews. 215: 103551. doi:10.1016/j.earscirev.2021.103551. hdl:20.500.11850/472835. ISSN 0012-8252.

Извори

уреди
  • Kurt Stüwe: Geodynamics of the Lithosphere: An Introduction Springer; 2nd edition (2007) стр. 390 ISBN 978-3-540-71236-7

Надворешни врски

уреди