Јужен покраински дијалект

Јужен покраински дијалектдијалект на полскиот јазик, кој порано се користел во јужниот дел на источните покраини и Лавов.

Опсегот на јужниот покраински дијалект според Зофија Кужова

Прашањето на границата помеѓу лехицкиот и рутенскиот етнос уреди

 
Реката Стир на картата на Ровенската област

Сè уште не е познато како се протегала почетната југоисточна граница меѓу лехицките и рутенските племиња. Се претпоставува дека западнословенскиот елемент (лехицкиот) ги опфаќал во своите рамки областите помеѓу горниот и средишниот тек на реката Сан, горниот и делумно средишниот тек на реката Буг, или досегал до планинскиот венец Гологорје.

На исток, западнословенските енклави досегале до реката Стир. Во југоисточниот дел, старите називи од западнословенска провениенција се наоѓаат во сливот на Днестар и нејзините бројни притоки. Овие подрачја, првично западнословенски, биле подложени на рутенизација како резултат на три процеси:

  • депортацијата што ја спровел Јарослав Мудриот во триесеттите години на XI век;
  • активноста на православната црква по расколот во 1054 година, која се засновала на асимилација на населението во корист на Киевски Рус; и
  • доселување на рутенско население кое избегало од ропство од длабочините на Рус по монголската инвазија во XIII век.

Обединувањето на териториите помеѓу Сан, Буг и Днестар со полската круна во XIV век го започнало процесот на масовно доселување од соседната Малополска и реполонизацијата или полонизацијата, кои следувале потоа.

Генезата на дијалектот уреди

Овој дијалект настанувал постепено од втората половина на XIV век, односно од последното обединување на Црвена Рус со полската круна. Првите споменици напишани на овој дијалект потекнуваат од XV век.

Произлегол од преклопувањето на малополскиот дијалект со рутенскиот супстрат, што првично било поврзано со доселувањето на рутенско население во лехицките области, а потоа и со долготрајното (од крајот на XIV до третата четвртина на XVIII век) доселување на малополско населението во тамошните предели. По основањето на рутенското и подолското војводство во 1434 од страна на Владислав III Јагелончик и Подоле, како и по воведувањето на нивните предели на формалното полско право, започнало распространување на полската култура и јазик среде тамошното руско население, средното и високото благородништво, градските патриции и членовите на градските занаетчиски еснафи. Благодарение на овој процес, јужниот покраински дијалект ја проширил својата социјална база среде благородништвото (шлахтата) и граѓанската класа. Во втората половина на XIX век, во најголемите градови, како Лавов, среде интелигенцијата настанал, врз основата на регионалниот дијалект развиван од XIV век, говор на образованите слоеви, односно културен говор (лавовски дговор), додека среде сиромашните и работниците настанач плебејски говор (<i>балак</i>), користен од страна на пониските социјални слоеви, а понатаму прифатен од страна на образованите слоеви.

Распореденоста на јужниот покраински дијалект имала островски карактер, бидејќи овој дијалект, за разлика од северниот покраински дијалект, не создал народни говори. Селските маси се задржале на рутенскиот јазик благодарение на развиениот домашен национализам, поттикнат од австриските власти. Бројни острови на полскиот јазик расеани во источна Галиција претставувале различни селско-провинциски варијанти на јужниот покраински дијалект со многу посилни влијанија од рутенскиот јазик како мешавина од разни дијалектолошки елементи: малополски, големолски, мазовјецки и шлески.

Така, под поимот јужен покраински дијалект подразбираме неколку јазични варијанти:

  • историскиот јужен покраински дијалект, кој постоел во XIV–XVIII век – тоа бил стар дијалект кој имал асимилаторска моќ, бидејќи предизвикал доброволна полонизација на шлахтата и граѓанството на Рус; настанал како варијанта на литературниот полски јазик со силни малополски влијанија и извесни интерференции на рутенскиот јазик;
  • лавовскиот културен дијалект, кој постоел во XIX–XX век, бил варијанта и наследник на историскиот јужен покраински дијалект, поседувал асимилаторска моќ;
  • балак, или јазикот на плебејскиот дел од лавовското население, влијаел на културниот дијалект и поседувал асимилаторска моќ, предизвикал доброволна полонизација на селското украинско население кое се доселувало во Лавов; и
  • селската и провинциската варијанта – со флуидна норма, силно изменета преку украинското влијание, варијанта која претставувала мешавина од полските етнички дијалекти, во различна мера блиска до украинскиот и без асимилаторска моќ, под силно влијание на рутенските народни говори.

Значaјноста на дијалектот уреди

Во периодот од XVI до средината на XVIII век, како и во периодот на Втората Полска Република, јужниот покраински дијалект извршил влијание врз формирањето на полскиот литературен јазик. Во сферата на влијание на јужниот покраински дијалект се нашол значителен дел од полските писатели од периодот на ренесансансата, писателите од т.н. украинска школа на полските поети, како и Александар Фредро. Најсложеното наречје на јужниот покраински дијалект било лавовското наречје и токму тоа значително влијаело врз литературниот полски јазик за време на Галицијанската автономија и Втората Полска Република. Присилното раселување на речиси целото полско население од југоисточните креави во 1944–1946 г. довело до уништување на населените центри што го зборувале овој дијалект. Денес тој се користи во мал број полски заедници во Украина и му се заканува постепено исчезнување.

Библиографија уреди

  • Zofia Kurzowa: Polszczyzna Lwowa i kresów południowo-wschodnich do 1939 roku PWN 1985