Егзарх Јосиф I (световно име Лазар Јовчев) е истакнат висок бугарски православен свештеник. Управник на Видинска епархија, Ловчански митрополит и егзарх на Бугарската егзархија. Делувањето на Јосиф во Македонија, како бугарски егзарх, е контраверзно. Современата бугарска историографија го оценува како духовен столб на бугаршината, личност која придонела да се зацврсти бугарското национално ткиво, меѓуто во македонската историографија тој се третира како еден од главните претставници на бугарската пропаганда во Македонија, а неговата дејност е негативно оценета поради неговата активност насочена против пројавите на македонска национална самобитност.

Јосиф I
Роден 1840
Калофер, Османлиско Царство
Починал 20 јуни 1915
Софија, Бугарија

Коресподенцијата и контактите на Јосиф I со бугарските владечаки кругови и дејците на македонското револуционерно ослободително движење даваат дополнителна светлина за македонското прашање кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Лазар Јовчев е роден на 5 мај 1840 година градот Калофер. Учел во Големата народна школа во Фанар, а потоа во Францускиот колеџ (Цариград). Со поддршка на Калоферската општина во 1864 година се запишал при литературниот факултет на Сорбона во Париз, а три години подоцна се префрлил на Правниот факултет, кој го завршил и се стекнал со диплома.

Поминал шест години во француската престолнина, Лазар Јовчев се враќа во Цариград и во почетокот работи во Централниот трговски суд. Се занимавал со публицистика и преведувачка дејност. Избран е во раководството на Македонската бугарска дружина. Поканет е за секретар на Мешовитиот егзархиски совет. Без да има духовно образование, новопоставениуот монах Јосиф за помалку од три месеци кон крајот на 1872 година е веќе протосингел на Егзархијата со архимандритско достоинство.

Во следните 3-4 години архимандрит Јосиф учествува во организирањето на Бугарската егзархија, патува низ балканските земји, се сретнувал со претставници на големите сили, не само благодарение на совршен си француски јазик, но и на својата способност да преговара и да убедува.

Во почетокот на 1876 година Јосиф е ракоположен за Ловчански митрополит, откако пред тоа упарвувал една година со Видинската епархија. Световното образование, правната подготовка, пошироката европска култура и квалитети на мудро и дипломатско однесување ја направиле неговата кандидатура за бугарски егзарх општоприфатлива меѓу највлијателните кругови во Цариград при избувнувањето на Руско-турската војна. На 24 април 1877 година младиот Ловчански митрополит Јосиф е избран и прогласен за егзарх од "Црковно-народниот собор" во епархискиот дом во Ортаќој.

Бугарски егзарх

уреди

Егзарх Јосиф I си поставил за цел обединување на целото бугарско население, вклучително и македонскиот народ кој бил третиран како нерзаделен дел од бугарското национално ткиво. Идеалот на бугарскиот духовен водач и неговата "голема должност" е да биде духовен столб на бугарштината и "да ги обедини сите бугарски епархии во прегратките на Егзархијата", под бугарски епархии се подразбирале и македонските епархии. Оваа цел во значителна мера Јосиф ја остварил. До Првата балканска војна во Егзархијата се вклучени 7 епархии, раководени од митрополити, и уште 8 епархии во Македонија и една во Одринско, управувани од егзархиски наместници.

Како поглавар на бугарската црква, егзархот Јосиф е принуден како духовен водач на Бугарите да биде посредник меѓу државната власт и христијанското население во рамките на политичките и националните соперништва во многунационалната империја. Во услови на важечкиот Берлински конгрес тој е повеќе дипломат и политичар, отколку православен архијереј. Неуморно се борел да го всади бугарскиот дух сред населението во Македонија, Беломорска и Одринска Тракија.

Во 1902 година егзарх Јосиф е избран за почесен член на Бугарското литературно друштво преименувано во 1911 година во Бугарска академија на науките.

На 27 ноември 1913 година егзархот Јосиф I, заедно со сите избркани бугарски владици од Македонија и Одринско, е принуден да го напушти Цариград и се прибира во Софија. И покрај лошата својата здравствена состојба останува на чело на бугарската црква.

Егзархот Јосиф умира во 1915 година и е погребан во црквата "Света Недела" во Софија.

Мисли

уреди
Некои запалени глави сметаат дека Св. Егзархија е единствената пречка Македонија да остане и понатаму под Османлиското Царство и се нафрлија врз неа како волци. . . Во сегашниот момент се нафрлија врз општините со цел да ги направат инструмент за своите бунтовнички цели. . . Секакво нивно политизирање и служење на нечисти цели ќе ја оневозможи Св. Егзархија во нејзината висока мисија да го зачува бугаризмот за идните поколенија. Ние. . . сме свесни какви се последици. . . ќе има политизирањето со општините денес, а да не зборуваме за утре, при евентуално создавање на автономна Македонија. Св. Егзархија. . . при две оделни држави не ќе може да ја врши својата бугарска мисија. Или ќе стане исклучиво македонска, или исклучиво бугарска. Каде тоа би не одвело, посебно не треба да се потцртува. . . Подобро е да сметаме дека делови од единствената бугарската територијата се сè уште под ропство, отколку за сметка на некаква слобода, бугарското население во Македонија за секогаш ќе биде загубено за Бугарија [1].
Јас мислам дека се гони тајна цел, имено : обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за единствена црква [1].

Литература

уреди

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 С. Димевски, Присуството на Теодосиј Гологанов во развојот на македонската национална мисла во епохата на национално - револуционерното движење, ГИНИ, XX/2, Скопје, 1976.