Јово Перазиќ ( 1913 во Петровац, Црна Гора1943 на Кајмакчалан) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Во Скопје се доселил во 1928 година. Потекнувал од сиромашно семејство. Пред Втората светска војна завршил трговска академија, а потоа работел и живеел во Скопје. По окупацијата на Македонија и се приклучил на организираната борба против окупаторот. Во 1943 година заминал во партизани. Бил борец на одредите кои во тоа време дејствувале во Западна Македонија. Учествувал во бројни борби. Летото 1943 година, во еден судир со бугарските фашисти на Кајмакчалан, храбро загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 112. На |first= му недостасува |last= (help)