Јован Николиќ
Јован Николиќ (српски: Јован Николић), (Белград, 1955) – ромски писател од Србија кој моментално живее во Германија.[1] Во Германија е познат по новелата „Бела врана, црно јагне“, преведена на германски од Бербел Шулте како Weißer Rabe, schwarzes Lamm[2]
Јован Николиќ Јован Николић | |
---|---|
Роден(а) | 1955 Белград, Србија |
Националност | Ром |
Познат(а) по | новели, песни |
Неговите родители се селеле ширум Југославија како што неговиот татко имал работа како музичар, сè додека не се вратиле во родниот град на неговите родители Чачак кога Јован имал 12 години. Во своите дваесетти години Николиќ се вратил во Белград за да работи како изведувач во ноќните клубови и воедно се занимавал со слободно новинарство. Николиќ се преселил во Германија после НАТО бомбардирањето на Србија.
Творештво
уредиНовели
уреди- Од никаде гостин (Гост ниоткуда - на српски и ромски јазик, 1982)
- Ѓурѓовден (Ђурђевдан - 1987)
- Нејќам да се родам (Нећу да се родим - 1991)
- Очите на покојното јагне (Очи покојног јагњета - 1993)
- Тело и околина (Тело и околина - 1994)
- Мала ноќна музика (Мала ноћна музика - 1998)
- Соба со тркало (Соба с точком - 2004)
- Бела врана, црно јагне (Бела врана, црно јагње - 2003)
Текстови на песни и поезија
уредиПишувал текстови за Радомир Михајловиќ нарекуван „Точак“ и групите Генерација 5, Забранетоо пушење (Забрањено пушење) и ромскиот бенд Оѓила. Го напишал текстот за песната Бубамара, која била изведена во филмот Црна мачка, бел мачор од Емир Кустурица.
Наводи
уреди- ↑ „Културни центар Нови Сад“.
- ↑ Ceo Keln čita Jovana Архивирано на 4 март 2016 г. 2011