Јован Дамев Лазаровски ( 1925 во Скопје23 декември 1944 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил IV одделение, а потоа станал општ работник. Организирано се приклучил во борбите против окупаторот во градот. Учествувал во разни акции, особено во собирање на народна помош за партизаните. Во првите есенски денови на 1944 година стапил во Осмата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките банди, особено во близината на Скопје. Во Бригадата бил поставен за политички комесар на чета. Својата единица ја оспособил за извршување на сложени борбени задачи. На 8 ноември 1944 година учествувал во борбите за ослободувањето на Велес, а подоцна во борбите против преостанатите балистички банди. Во една ваква борба храбро загинал на 23 декември 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 83. На |first= му недостасува |last= (help)