Јирума

Јужнокорејски пијанист и композитор

Јирума е уметничко име на Ли Ру-ма (Lee Ru-ma), (роден на 15 февруари 1978), меѓународно познат пијанист и композитор од Јужна Кореја. Јирума често настапува на распродадени концерти во Азија, Европа и Северна Америка. Неговата аlma маter, King’s College London, Англија му помогнал да добие европско признание и популарност. Меѓу неговите најпопуларни дела се "River Flows in You", "Kiss the Rain" и "May Be". Најпопуларниот албум на Јирума First Love бил издаден во 2001 година.

Јирума
Податотека:Yiruma - Destiny of love cover.jpg
Yiruma, Destiny of Love album cover
РоденЛи Ру-ма
46
НационалностЈужна Кореја
Алма матерKing's College London
ЗанимањеПијанист
Активност2001 - денес
Сопружник/циСон Хје-Ем (2007-денес)
Јирума

На петгодишна возраст почнал да свири пијано, а во 1988 година, на возраст од единаесет години се преселил во Лондон, да учи во музичката школа Персел. Имал двојно државјанство, Јужнокорејско и Британско до 2006 година, кога се откажал од Британското државјанство за да служи во Јужнокорејската морнарица.

Животопис

уреди

Ли Ру-ма е роден и израснат во Јужна Кореја, а образован во Англија. На петгодишна возраст почнал да свири пијано, а подоцна, на возраст од единаесет години (1988) се преселил во Лондон, со цел да студира на музичката школа Персел. Во декември 1996 учествувал во албумот The Musicians of Purcell (Decca). По матурирањето на музичката школа Персел во јули 1997 година, Јирума ги продолжил своите стремежи кон музиката и во јуни 2000 година завршил голема композиција од King’s College London. Додека студирал на King’s College, овој перспективен пијанист го издал својот прв албум "Love Scene" преку DECCA записи.

Покрај тоа, за време на неговите студии, тој бил на музичка турнеја во Европа. Јирума е првиот корејски уметник кој добил покана да настапува на MIDEM( Marché International du Disque et de l'Edition Musicale) во Кан, Франција. На почетокот на неговата кариера,неговите албуми биле издадени во Европа и Азија, а сега се достапни ширум светот преку разни мрежни извори како iTunes, Amazon и неговата продуцентска куќа STOMP Records.

Во 2001 година тој го издал својот досега најпопуларен албум "First Love". Од овој албум е и неговото најпродавано дело "A River flows in You", а од 2001 година ова дело е објавено на уште два албуми (First love [поинаква верзија] и Wedding Essentials: The Ceremony). Во 2003 година Јирума го издал својот трет албум From The Yellow Room. Над 30.000 копии биле продадени во претпродажба и албумот бил на врвот на многу популарни музички топ листи, вклучувајќи ги Yes 24, Phone и Hot Tracks. Неговата турнеја низ 12 градови во Кореја била успешно реализирана, впрочем како и неговиот ноемвриски концерт во Националниот центар за уметност во Сеул, Јужна Кореја.

Неговиот четврти албум е POEMUSIC. Следната година тој компонирал дело за популарна KBS драма, Spring Waltz. Во својот петти албум, неговиот монолог, тој користел подготвено пијано. Јирума компонира музика за мјузикли, филмови и претстави. Иако бил успешен во музичката индустрија, Јирума одлучил да служи во Јужнокорејската војска. Поради тоа во 2006 година тој се откажал од британското државјанство и стапил во Корејската морнарица.

Во 2008 година, по завршувањето на неговата служба во Корејската морнарица, се вратил на сцената започнувајќи ја неговата турнеја Ribbonized, во 20 градови низ Кореја. Покрај тоа, на 1 јануари 2009 година, тој станал диџеј за радио мрежата KBS1FM Yiruma's Music from All Around the World.[1]

Во септември 2010 година, Јирума го прекинал договорот со Stomp Music и потпишал договор со Sony Music Entertainment Korea. Тогаш Stomp Music поднеле налог за забрана на продажба на неговата музика, а барањето било прифатено од страна на судот во април 2011 година. Јирума веднаш поднел приговор против налогот, и судот конечно пресудил во негова корист.

Музички стил

уреди

Музичкиот стил на Јирума често погрешно се класифицира. Поради тоа што неговата музика е популарна кај многу слушатели кои не ја познаваат класичната музика, соло пијано инструментацијата и "движечката" тенденција често е именувана како "нова класична" или "современа класична". Сепак, иако неговите композициски студии би вклучиле класика, ниту структурата на неговите дела, а ни неговата техника како пијанист се под влијание на класичната музика. Неговата музика понекогаш се класифицира како "популарна", па неговиот хит River Flows in You е вметната во збирка свадбени компилации со наслов "Wedding essentials: The ceremony".[2] Според iTunes Store тој всушност се смета за уметник на Светската Музика[3] или Новата Ера.

За правилно компонирање на неговата музика, бараната големина на неговите дела треба да достигне оцена 7 според стандардите на Royal Conservatory. Стилот на повторување е негово главно обележје, правејќи композицијата повеќе да наликува на популарна или филмска тема отколку на традиционална соло пијано композиција. Делата на Јирума имаат сложена, но интересна мелодија и ритам, што ги прави привлечни за многу современици.

Концертна турнеја

уреди

На 11 ноември, Happy Holic Entertainment изјавиле дека Јирума ја започнал својата 'Најдобра' концертна турнеја во Пусан, а потоа продолжил кон Квангжу, Улсан, Даежеон и 10 други градови. Тоа била прва промотивна активност на Јирума, откако во 2009 година избувнал правен спор против неговата поранешна продуцентска куќа Stomp Music.

Концертот се викал '10 годишнина' и покажал поинаква страна на музиката и животот на Јирума преку специјални изведби кои тој ги подготвил за обожавателите..

Јирума изјавил: “Се надевам дека мојата музика нема да ви биде далечна. Напротив, сакам да биде секогаш со вас, како да е мелодија на вашиот живот“.

Приватен живот

уреди

Семејство и брачен другар

уреди

На 27 мај 2007 година Јирума стапил во брак со Сон Хје Ем (Son Hye-Im.[4] Неговото дело насловено како "27 мај" е посветено на неговиот брак со Сон Хје-Ем. Нивната ќерка, Лоана, е родена на 7 октомври 2007 година.[5]

За своето духовно гледиште, Јирума изјавил: “Јас сум христијанин, а не уметник на новото време. Многумина погрешно ме разбираат.” Во неговиот албум H.I.S Monologue (2006), тој составил дело со наслов: “Lord… Hold my hand”.[6]

Албуми

уреди

Студиски албуми

уреди

Албуми во живо

уреди
  • 2005 Yiruma: Live at HOAM Art Hall

Објавен на 12 јули, 2005 година, овој албум вклучува снимки за многу од неговите распродадени концерти во салата за уметност HOAM. Овој албум содржи изведби на Јирума за време на неговите турнеи во 2003-2004 година, неговите распродадени соло концерти, и добротворни училишни концерти. Јирума изведувал дела од неговите албуми: 'Love Scene', 'First Love', 'From the Yellow Room', 'Oasis & Yiruma', и 'Doggy Poo OST'

Филмска музика

уреди
  • 2002 Oasis and Yiruma

Во неговиот трет албум издаден на 20 јуни 2002 година, Јирума компонирал тонски запис за филмот Oasis во режија на Lee Chang-dong. На 17 декември 2002 година бил издаден неговиот втор тонски запис за Детскиот филм Doggy Poo OST.

Compilations

уреди
  • Piano Museum
  • 2009 Missing You
  • 2010 Ribbonized (10th Anniversary 6-CD BoxSet)

Синглови

уреди
  • 2012: "River Flows in You"

Наводи

уреди
  1. Posted on 02 January 2009 by ay_link (2009-01-02). „KBS1 93.1FM new radio DJ, Yiruma | JAZZHOLIC“. Jazzholic.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на 2012-03-16.
  2. „Connecting to the iTunes Store“. Itunes.apple.com. Посетено на 2012-03-16.
  3. „iTunes - Music - Yiruma“. Itunes.apple.com. Посетено на 2012-03-16.
  4. „popseoul.com“. popseoul.com. Архивирано од изворникот на 2014-11-13. Посетено на 2012-03-16.
  5. „miraclesandoddities.blogspot.com“. miraclesandoddities.blogspot.com. 2011-07-25. Архивирано од изворникот на 2011-11-07. Посетено на 2012-03-29.
  6. „iTunes - Music - H.I.S. Monologue One Day Diary...19th September by Yiruma“. Itunes.apple.com. 2006-11-02. Посетено на 2012-03-16.

Надворешни врски

уреди