Оревест плод

(Пренасочено од Јаткаст плод)

Оревест плод или јаткаст плодплод составен од јадлива тврда школка (лушпа) и семе, што е за јадење. Во општа употреба, широк спектар на сушени семиња се нарекуваат оревести плодови, но во ботаничка смисла "орев" значи дека школка (лушпата) не се отвора за ослободување на семето (делумно). Поимот „орев“ во поширока смисла на вкавите плодови на одредени јазици честопати бара парафрази, бидејќи зборот е двосмислен.

Во оревести плодови се вбројуваат: оревите (во потесна смисла), костените, лешниците, желадите, бадемите, ф'стаците, индиски ореви, а во широка смисла пред сè поради прехранбените и кулинарско-комерцијалните практики се вбројуваат и кикиритките иако тие се зеленчук. Самите оревести плодови растат на дрвја, и затоа се сметаат за плодови, а не за семки.

Повеќето семиња доаѓаат од плодови кои природно се ослободуваат од лушпата, за разлика од оревестите плодови како што се лешниците, костените и желадите, кои имаат тврди школка и потекнуваат од соединет јајчник. Општата и изворна употреба на поимот е помалку ограничена, а многу оревести плодови (во кулинарна смисла), како што се бадеми, пекан, ф'стаци, ореви и бразилски ореви[1], не се ореви во ботанички поглед. Вообичаената употреба на поимот често се однесува на какво било тврда лушпа, јадливо (јаткасто) јадро како јатка[2].

Земјоделското производство на оревестите плодови подразбира намерно организирано одгледување на дрвата на кои растат оревестите плодови насадени во овоштарници.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Alasalvar, Cesarettin; Shahidi, Fereidoon. Tree Nuts: Composition, Phytochemicals, and Health Effects (Nutraceutical Science and Technology). CRC. p. 143. ISBN 978-0-8493-3735-2.
  2. Black, Michael H.; Halmer, Peter (2006). The encyclopedia of seeds: science, technology and uses. Wallingford, UK: CABI. p. 228. ISBN 978-0-85199-723-0.