Јасенов Црцорец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Полутврдокрилци
Семејство: Црцорци
Род: Cicada
Вид: C. orni
Научен назив
Cicada orni
(Linnaeus, 1758)

Јасеновиот црцорец (Cicada orni) е вид на црцорец во семејството Црцорци (Cicadidae).

Името на родот доаѓа од лат. „cicada“ значејки "дрвен штурец", а името на видот „оrni“ веројатно доаѓа од црниот јасен (Fraxinus ornus), каде ги снесува своите јајца во гранките.[1]

Опис

уреди

Возрасните растат до околу 25 mm должина, со распон на крилјата кој е 70 mm. Бојата на нивното тело варира од кафеава до сива. Абдоменот има црвеникави сегменти со свилена влакност. На главата имаат две големи очи одделени на страните, три помали очи на врвот на главата, многу кратки антени и долга цевчеста уста за хранење на соковите од дрвја. Мембрановидните крилја се проѕирни, со видливи вени и повеќе карактеристични црни дамки.[1]

Распостранетост

уреди

Јасеновиот црцорец е распостранет во јужна и централна Европа, во блискиот Исток и северна Африка.[1] Овој вид е најчесто пронајден и најраспостранет вид на црцорец во Македонија.[2]

 
Додворувањето на женката од мажјакот во Џенова, Италија

Биологија

уреди

Возрасните од овој вид се појавуваат во летото хранејки се на соковите од дрвја, со цевчеста уста прилагодена за прободување и шмукање.

Мажјаците се познати по нивната песна, создадена од контрахирање и релаксирање на стомачните мембрани. Оваа песна служи за зближување со женките. Често пеат во групи на сончеви гранки од дрвја. Кога ќе му се доближи женка, додворувањето се остварува преку галење и допирање на нивните нозе. На крајот се парат на истото место.

Јасеновите црцорци ги положуваат нивните јајца во летото, кои се испилуваат касно во летото или во есента. Иако возрасните живеат месец и пол за репродуктивни причини, ларвите живеат повеќе години под земја, хранејки се на сокови од растителни корени.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Англиската страница за овој вид“.
  2. „Fauna of singing cicadas (Auchenorrhyncha: Cicadoidea) of Macedonia - a bioacoustic survey“.