Јапонски железници
Јапонски железници (јапонски: JRグループ; мктр. џејару гурупу) — претпријатие од седум здружени членки — наследнички на државното претпријатие „Јапонски национални железници“, приватизирано во 1987 г.
Групацијата раководи со главнината на железничката мрежа во Јапонија, со голем дел од меѓуградскиот сообраќај (вклучувајќи ги големобрзинските линии на „Шинкансен“) и градскиот сообраќај во рамките на поединечни населени места.
Претпријатија
уреди„Јапонски железници“ се состои од:
- седум превозници и
- две други непревозни претпријатија.
Постојат:
- шест подрачни патнички превозници и
- еден товарен превозник што ја покрива целата земја.
За разлика од други групи, „Јапонски железници“ се сочинети од независни претпријатија кои немаат главна дирекција или холдинг со централна управа.
Шесте патнички превозници се поделени по подрачја и сообраќаат во тие граници, со исклучок на извесни далекусежни линии. Таква е линијата на возот „Ширасаги“ помеѓу Нагоја и Тојама, која вози со состав на Западнојапонските железници, но помеѓу Нагоја и Мајбара добива нов екипаж од Среднојапонските железници, како сопственик на тој дел од пругата.
Со превоз на стоки и суровини се занимава Јапонско товарно железничко претпријатие.
Покрај ова, групацијата има и две претпријатија со помошна улога кои не стопанисуваат со возови: Институтот за истражување на железничка техника[1] и „Железнички информатички системи“.
Дејност | Претпријатие | Лого и боја | Акции | Опслужувано подрачје |
Белешка |
---|---|---|---|---|---|
патнички сообраќај | Хокаидско железничко претпријатие (JR北海道) | светлозелена | нема | Хокаидо | стопанисува со линијата Кајкјо во Тохоку |
Источнојапонско железничко претпријатие (JR東日本) | зелена | TYO: 9020 | Тохоку, Канто, Кошинецу | ||
Среднојапонско железничко претпријатие (JR東海) | портокалова | TYO: 9022 | Токај | стопанисува со линијата Токаидо Шинкансен во Канто и Кансај | |
Западнојапонско железничко претпријатие (JR西日本) | сина | TYO: 9021 | Хокурику, Кансај, Чугоку | стопанисува со линијата Санјо Шинкансен на Кјушу | |
Шикокуанско железничко претпријатие (JR四国) | светлосина | нема | Шикоку | ||
Кјушуанско железничко претпријатие (JR九州) | црвена | нема | Кјушу | ||
товарен сообраќај | Јапонско товарно железничко претпријатие (JR貨物) | сивосина | нема | цела Јапонија | |
научно-истражувачка | Институт за истражување на железничка техника (JR総研) | светловиолетова | нема | ||
информатички услуги | Железнички информатички системи (JRシステム) | темноцрвена | нема |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од „Студии за државите на Конгресната библиотека“. — Јапонија
Надворешни врски
уреди„Јапонски железници“ на Ризницата ? |
- Водич за јапонските железници — Хисакју (англиски)
- Правило за возните билети Архивирано на 14 февруари 2009 г. (англиски)