Јанош Тот (Вршац, 16 јуни 1961 - Белград, 30 октомври 2013) бил српски театарски, телевизиски и филмски глумец.

Јанош Тот
Јанош Тот
Роден(а)јуни 16, 1961(1961-06-16)
ФНР Југославија Вршац
Починал(а)октомври 30, 2013(2013-10-30)
Србија Белград
Занимањеактер
Значајни делаМојот роднина од село - Рос
Звездара - Жиле
Награди2001 година „Јубилеј“
2009 година „Генерална проба на самоубиство“ и „Маратонците трчаат почасен круг“

Биографија уреди

Јанош Тот е роден во Вршац на 16 јуни 1961 година. Се запишал на Академијата за уметности, отсек за глума во Нови Сад, во класата на професорот Дејан Мијач. Додека бил на Академијата, почнал да игра во Српскиот народен театар во Нови Сад. Дипломирал во Суботица со претставата Колку ви е драго. Постојан член бил на Театарот Теразије е од 1990 година,[1] а гостувал и во други театри.[2]

Како правак на драмата играл во бројни театарски претстави како: Ноќта на лудаците во Господска улица, Битката кај Сењак, Зимскиот дворец, Три белградски фртали, Лукреција или ждеро, Алан Форд, Кукла од насловна страна, Бакни ме Кејт, Јубилеј, Генерална проба на самоубиство, Маратонците го трчаат почесниот круг и други. Имал забележителни улоги и во телевизиски серии, од кои најпознати се Мојот роднина од село (2008-2011) и Звездара (2013).

Починал по кратко и тешко боледување на 53-годишна возраст на 30 октомври 2013 година.[3] Комеморацијата по повод неговата смрт се одржала во Театарот Теразије, а погребан е на Ново бежаниските гробиштата на 2 ноември [2013 година.[4]

Филмографија уреди

Година Назив Улога
1980-ти
1981 База на Дунав
1990-ти
1990 Народен претставник
1995 Знакови
1996 Среќни луѓе сопстрвеник
1997 Горе доле
1998 Купи ми Елиота ѓубретар
2000-ти
2000 Зајко, Црвенкапа и Лотар Матеус педофил
2001 Семејно богатство полицаец
2003 Скоро сосема обична приказна
2004 Шарени кажи
2004 Трага на Караѓорѓе Танасије Милошпевиќ
2004 Смешни и други приказни Сосед
2004 Парадокс Бора
2007-2009 Сељаци Жоја
2010-ти
2010 Жена со скршен нос доктор
2008-2011 Мојот роднина од село Рос
2011 Сестри
2011 Мешано месо
2012 Монтевидео, Бог те видео (ТВ серија) електричар Жика
2013 Звездара (ТВ серија) Жиле
2013 Фалсификатор тужител

Награди уреди

  • Награда Статуета на Ќуран на Деновите на комедијата во Јагодина, за најдобра улога во претставата Јубилеј. 2001 година
  • Награда на Статуета Ќуран на Деновите на комедијата во Јагодина, за најдобри улоги во претставите Генерална проба на самоубиство и Маратонците трчаат почесен круг 2009 година
  • Награда за најдобро глумечко остварување во претставата Лажа и паралажа, на средбите на војводинските театри.

Наводи уреди

  1. „Preminuo prvak drame Janoš Tot“. novosti.rs. Посетено на 30. 10. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име "Звездара театар".
  3. Umro glumac Janoš Tot, Блиц, Посетено на 30. 10. 2013.
  4. „Danas komemoracija povodom smrti glumca Janoša Tota“. blic.rs. Посетено на 4. 11. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски уреди