Јанис Ксенакис
Јанис Ксенакис (Грчки: Ιάννης Ξενάκης; 29 мај 1922 – 4 февруари 2001) е грчки композитор, теоретичар на музика, архитект и инженер. По 1947, пребегнува од Грција во Франција, каде што станува натурализиран француски државајанин. Тој е често препознаен како еден од најважните авангардни композитори од втората половина на 20 век.[1][2] Ксенакис е пионер во употребата на математички модели во музиката како и користењето на теорија на множествата, стохастични процеси и теорија на игрите, имајќи го најголемото влијание во развојот на електронската музика и компјутерската музика. Тој ја интегрираше музиката со архитектурата, дизајнирајќи музика за постоечки простори, како и дизајнирајќи простори за изведба на одредени композиции и перформанси.
Меѓу неговите најважни композиции, се издвојуваат Metastaseis (1953–4) за оркестар, која воведе независни делови за секој музичар од оркестарот; композиции за перкусии како Psappha (1975) и Pléïades (1979); дела кои ја воведуваат просторната дистрибуција на звукот преку разместување на музичарите меѓу публиката, како Terretektorh (1966); електронски дела создадени преку употребата на неговиот UPIC систем; и масивните мултимедијални перформанси кои Ксенакис ги нарекува "политопи". Меѓу многубројните теоретски дела, книгата Formalized Music: Thought and Mathematics in Composition (француско издание 1963, англиско издание 1971) е едно од најзначајните. Како архитект, Ксенакис е познат по неговите рани дела под водство на Ле Корбизје како Санта Мари де ла Туре, каде што двајцата архитекти соработувале, и Филип Павилион на Експо 58, проектиран од самиот Ксенакис.
Наводи
уреди- ↑ Hoffmann, Grove: "[Xenakis] belongs to the pioneering generation of composers who revolutionized 20th-century music after World War II."
- ↑ MSN Encarta encyclopedia, “Iannis Xenakis (Ιάννης Ξενάκης) (May 29, 1922 – February 4, 2001) was a Greek composer and one of the most important modernist composers of the 20th century” [1] Архивирано на 29 октомври 2009 г.. 2009-10-31.