Јакуб Барт-Ќишински

Јакуб Барт-Ќишински (20 август 1856, Какау - 16 октомври 1909, Паншвиц; исто така познат како Лужичан, Јакуб Барт Куковски) — лужички поет, писател и драмски автор, преведувач на чешка, полска, италијанска и германска литература. Своите дела ги пишувал на горнолужички јазик. Тој е исто така пронаоѓач на современиот горносорбиски поетски јазик. Тој е опишан како „класичен писател на сорбската литература“.[1]

Јакуб Барт-Ќишински
Биста на Јакуб Барт-Ќишински во Паншвиц-Кукау, Саксонија

Како сорбиски писател, тој сметал дека пишувањето на лужички јазик и неговото користење за литература и за образование е важно за зачувување на виталноста и посебноста на лужичката култура. Но, тој исто така сфатил дека тоа е меч со две острици, со тоа што образованието ќе ја намали изолацијата на сорбската култура, правејќи ја поранлива на надворешно (претежно германско) влијание.[2]

Наводи

уреди
  1. p. 1. Hose, Susanne. 2004. Sorbian proverbs: Serbske prislowa. (Supplement series of Proverbium: Yearbook of International Proverb Scholarship, 14.) Burlington, VT: University of Vermont.
  2. p. 1. Hose, Susanne. 2004. Sorbian proverbs: Serbske prislowa. (Supplement series of Proverbium: Yearbook of International Proverb Scholarship, 14.) Burlington, VT: University of Vermont.

Користена литература

уреди
  •  „Bart-Ćišinski Jakub“. Internetowa encyklopedia PWN. Архивирано од изворникот на 2006-10-01. Посетено на 2006-11-17.

Поврзано

уреди