Јаков (печатар)
Јаков (Камена Река, ден. Македонска Каменица, XVI век) — првиот македонски[1] печатар. Потекнувал од свештеничко семејство.
Јаков од Камена Река | |
---|---|
Првиот печатен часослов на Јаков од 1566 г. | |
Роден(а) | 16 век Камена Река, Османлиска империја |
Занимање | печатар |
Познат(а) по | една од првите печатени книги на кирилица |
Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ во Венеција отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.[2][3][4]
Животопис
уредиЈаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица е прв засега познат македонски печатар од XVI што излегол од Македонија и ja развил својата печатарска дејност во Венеција каде работел во печатницата на Божидар Вуковиќ. Роден во свештеничка фамилија во Камена Река работел како писател на црковно-словенски книги, наследство кое го стекнал од неговата фамилија.
За неговото потекло дава опис во неговата прва печатена книга Часослов:
... .
- По род и татковина бев од полите на големата Осоговска Планина, близу до Коласискиот град, од местото викано Камена Река... Излегов од Македонија, татковината моја, и влегов во западните земји.
Неговото најпознато дело „Часослов“, од кое повеќето информации за неговиот живот се извадени, го издал и испечатил на црковно-словенски јазик во Венеција во 1566 година. Делото е исполнето со илустрации и вињети на христијански светци. Во 1569 заедно со Јеролим Загуровиќ од Котор ја пишува и испечатува неговата втора книга „Псалтир со последование" и се продава во првата македонска книжевна продавница „Кара Трифун“ во Скопје. Книгата е користена како букварче за оние учејки го црковно-словенското писмо. Неговата дата на раѓање или на смрт сепак досега не е откриена.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Јаков од Камена Река“. Во неговото дело "Часослов" Јаков напишал "...Појдов од Македонија, татковината моја…".
- ↑ Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија“, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16)
- ↑ Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 207. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Георгиевски, Михајло (1984). ДЕЈНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАТАРИ ОД XVI и XVII ВЕК (PDF). line feed character во
|title=
во положба 48 (help)