Јазици во Андора
Јазиците во Андора е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Андора, официјално е еднојазична држава.
Јазици во Андора | |
---|---|
Официјален јазик | каталонски јазик |
Главен странски јазик | англиски, шпански, француски, португалски |
Знаковен јазик | каталонски знаковен јазик |
Демографија на Андора |
службен јазик
уредислужбен јазик во Андора е каталонскиот јазик (català). Овој јазик го зборуваат околу 38% од вкупното население на државата.[1] Каталонскиот јазик е мајчин јазик на Каталонците. Покрај во Андора, јазикот се зборува и во мали делови во Франција и Шпанија, особено во Каталонија и Валенсија, каде е службен јазик. Вкупниот број на говорници на каталонскиот се проценува на 7.2 милиони (2010).[2]
Останати јазици
уредиПокрај каталонскиот, во државата се зборуваат и шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик. Поради блискоста на овие јазици, како и миграцијата, јазиците се застапени со добар процент од вкупното население на државата.
мајчин јазик | ||
---|---|---|
каталонски | 38.8% | |
шпански | 35.4% | |
португалски | 15% | |
француски | 5.4% | |
други | 5.5% | |
извор: Observatori de l'Institut d'Estudis Andorrans Архивирано на 22 август 2013 г. |
Странски јазици
уредиНајзборувани странски јазици во државата се шпанскиот, францускиот и англискиот.
Наводи
уреди- ↑ „Framework Convention for the Protection of National Minorities CETS No. 157“. Conventions.coe.int. Посетено на 2012-11-25.
- ↑ Јазици во Андора на Ethnologue (англиски)