ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје

ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ е највисока здравствена и наставно-научна институција од областа на стоматологијата во Република Македонија. Центарот е сместен во Скопје и постои уште од 1948 година. Генерален директор е Д-р спец. Амела Цана.

ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“
ВидЈавна здравствена установа
ДејностЗдравство
Основано1944
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
д-р.спец.Амела Цана
Мреж. местоunivdentalclinic.org.mk
Facebook        = [1]

Историја

уреди

ЈЗУ Универзитетски стоматолошкиот клинички центар „Свети Пантелејмон“ постои уште од 1948/49 година, кога за првпат е основана Клиниката за усни, забни и вилични болести, во рамките на тогашниот Медицински факултет во Скопје. Од своето основање до денес, Стоматолошкиот клинички центар бележи динамичен раст во својата опрема, преку внесување врвна техологија во реставративната, реконструираната и естетска стоматологија.

Стоматолошкиот клинички центар преку организирање на серија работилници, конгреси, образовни курсеви, семинари и симпозиуми овозможува перманентен развој на стоматолошката дејност во регионот на Република Македонија и пошироко, каде стоматолози од јавните стоматолошки служби и приватниот сектор успешно се образоваат, следејќи ги најсовремените светски трендови.

Денес ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон претставува врвна високо образовна институција од областа на стоматологијата, која врши висококвалитетни стоматолошки услуги и располага со најсовремена апаратура и технологија, модерно опремени ВИП кабинети за прием на владини претставници, претставници на дипломатскиот кор во земјава, странски мисии, како и други релевантни субјекти.

Клиники

уреди
  • Приемен оддел
  • Клиника за детска и превентивна стоматологија
  • Оддел за пациенти со специјални потреби (хендикепирани лица, лица со патолошки страв)
  • Клиника за ортодонција со заботехничка лабораторија
  • Клиника за фиксна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија
  • Клиника за мобилна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија
  • Клиника за болести на забите и ендодонтот
  • Клиника за орална хирургија
  • Оддел за имплантологија
  • Клиника за болести на устата и пародонтот
  • Институт за научно истражувачка работа
  • Дежурна и ноќна служба
  • Биохемиска лабораторија
  • рендген кабинет
  • Центар за автоматска обработка на податоци

Надворешни врски

уреди