Ѕержинска Гора
рид и највисока точка во Белорусија
Ѕержинска Гора (белоруски: Дзяржынская гара, Ѕјаржинскаја хара) — рид во Минската област, Белорусија и највисока точка во земјата. Висок е 345 метри[2] и се наоѓа во селото Скирмантово близу градот Ѕержинск, западно од Минск. Геолошки е сместен во Минското Возвишение — дел од возвишенијата наречени Белоруски Срт.
Ѕержинска Гора | |
---|---|
Дзяржынская гара | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 345 м [1] |
Заведена како | највисока во земјата |
Друго име | Дзяржынская гара |
Географија | |
Место | Белорусија |
Покраина | BY |
Геологија | |
Вид | рид |
Изворното име на ридот е „Света Гора“ (Святая гара), сменето во 1958 г. по блискиот град, а во чест на основачот на КГБ, Феликс Ѓержински (1877-1926).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ѕјаржинскаја Хара“ — Peakery посет. 18 февруари 2013 г (англиски)
- ↑ „Coordinates of the extreme points of the state frontier. Main Geographic Characteristics of the Republic of Belarus“. Land of Ancestors. 2011. Посетено на 9 September 2013.
Надворешни врски
уреди- „Хара Ѕјаржинскаја, Белорусија“ — Peakbagger (англиски)
- Димитриј Бартосик, Света (Ѕержинска) Гора — Radzima (белоруски)
Оваа статија поврзана со географијата на Белорусија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |