Am-ѕвезда

вид на хемиски необична ѕвезда

Am-ѕвезда или металнолиниска ѕвезда — вид на хемиски необична ѕвезда од типот A чиј спектар има силни и често променливи впивни линии на метали како цинк, стронциум, циркониум и бариум, а сиромашен е со други како калциум и скандиум. Според првичната дефиниција, Am-ѕвезда е класа каде ѕвездата покажува „површински недостаток на Ca (и/или Sc) и/или изобилство на Fe-групата и потешки елементи“.[1]

Поради необичната релативна застапеност, спектралниот тип зададен според калциумските K-линии е систематски претходен на оној определен според други метални линии. Спектралниот тип одреден чисто од водородните линии типично е среден. Ова води до доделување на два или три спектрални типа. На пример, Сириус има спектрален тип kA0hA0VmA1, што укажува дека е A0 кога се гледа по K-линијата, A0V од водородната линија и A1 по линиите на тешките метали.[2] Постојат и други формати; на пр. A0mA1Va за Сириус.[3][4]

Хемиските неправилности се должат на некои елементи кои впиваат повеќе светлина што се истиснува кон површината, а други тонат под сила на гравитацијата. Овој ефект е на сила само ако ѕвездата има мала вртежна брзина.[5] Ѕвездите од типот A обично се вртат брзо. Највеќето Am-ѕвезди се дел од двоен систем каде вртењето на ѕвездите е забавено од плимно кочење.[5]

Најпозната ѕвезда со метални линии е Сириус (α Големо Куче). На следнава табела се претставени други такви ѕвезди, по надолен редослед на привидната величина.

Список

уреди
Име[6] Бајерова или др. ознака Прив. велич.[6]
Сириус A α Големо Куче A -1,47
Кастор Ba α Близнаци Ba 2,96
α Летечка Риба 4,00
Акубенс A[7] α Рак A 4,26
Курхах[8] ξ Кефеј 4,29
θ1 Јужен Крст 4,30
π Девица[9] 4,64
μ Кочијаш 4,88
2 Голема Мечка 5,46
τ3 Жерав 5,72
WW Кочијаш[10] 5,82
IK Пегаз 6,08

δ Делфин и ρ Крма

уреди

Мал број на Am-ѕвезди покажуваат необично доцни спектрални типови и особено силни сјајносни ефекти. Иако Am-ѕвездите начелно имаат абнормални сјајностни ефекти, ѕвездите како ρ Крма се сметаат за поразвиени и посјајни од највеќето Am-ѕвезди, и сместена е над главната низа. Am-ѕвездите и променливите од типот на δ Штит се наоѓаат на исто место на ХР-дијаграмот, но ретко е една ѕвезда истовремено да биде Am-ѕведа и променлива од типот на δ Штит. Два примера се ρ Крма и δ Делфин.[2]

Неколку автори споменуваат класа наречена ѕвезди од типот на δ Делфин, Am-ѕвезди но со релативно мала разлика меѓу калциумот и другите метални линии. Споредени се и со ѕвездите од типот на δ Штит. Подоцнежните истражувања покажале дека групата е донекаде нееднородна, можеби коинцидентна, и препорачуваат замена на класата δ Делфин во полза на поуточнета класа на ѕвезди од типот на ρ Крма со релативно голема сјајност и доцни спектрални типови.[2][11] Меѓутоа, сè уште понекогаш доаѓа до забуни, на пример кога сите ѕвезди од типот на ρ Крма се сметаат за променливи од типот на δ Штит.[12]

Наводи

уреди
  1. Conti, Peter S (1970). „The Metallic-Line Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 82 (488): 781. Bibcode:1970PASP...82..781C. doi:10.1086/128965.
  2. 2,0 2,1 2,2 Gray, R. O; Garrison, R. F (1989). „The early F-type stars - Refined classification, confrontation with Stromgren photometry, and the effects of rotation“. Astrophysical Journal Supplement Series. 69: 301. Bibcode:1989ApJS...69..301G. doi:10.1086/191315.
  3. Conti, P. S; Barker, P. K (1973). „Are all metallic-line stars binaries? Observations of three stars in Coma“. Astrophysical Journal. 186: 185. Bibcode:1973ApJ...186..185C. doi:10.1086/152487.
  4. Skiff, B. A (2014). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Spectral Classifications (Skiff, 2009-2016)“. VizieR On-line Data Catalog: B/Mk. Originally Published in: Lowell Observatory (October 2014). 1. Bibcode:2014yCat....1.2023S.
  5. 5,0 5,1 Am star Архивирано на 4 август 2017., The Internet Encyclopedia of Science, David Darling. посет. 14 август 2008 г.
  6. 6,0 6,1 Names and apparent visual magnitudes taken from SIMBAD, unless otherwise noted.
  7. Acubens, Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
  8. Kurhah, Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
  9. Paunzen, E.; и др. (февруари 2013), „A photometric study of chemically peculiar stars with the STEREO satellites - II. Non-magnetic chemically peculiar stars“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 429 (1): 119–125, arXiv:1211.1535, Bibcode:2013MNRAS.429..119P, doi:10.1093/mnras/sts318, S2CID 119231581.
  10. WW Кочијаш е двојна ѕвезда каде двете составници се Am-ѕвезди.
  11. Neiner, C; Wade, G. A; Sikora, J (2017). „Discovery of a magnetic field in the δ Scuti F2m star ρ Pup“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 468 (1): L46–L49. arXiv:1702.01621. Bibcode:2017MNRAS.468L..46N. doi:10.1093/mnrasl/slx023. S2CID 119201285.
  12. Kochukhov, O. (март 2009). „Asteroseismology of chemically peculiar stars“. Communications in Asteroseismology. 159: 61–70. arXiv:0812.0374. Bibcode:2009CoAst.159...61K. doi:10.1553/cia159s61. S2CID 18174900.