Ѓорѓи Величков Спасовски ( 1922 во Шопско Рударе, Кратовско21 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Израснал во сиромашно ситно-земјоделско и сточарско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во неговото село, немајќи можност да го продолжи образованието, останал дома да помага на родителите во секојдневната работа. Во неговото село и околината често дејствувале единиците на ослободителната војска на Македонија, а тоа придонело да се запознае со движењето и станал симпатизер и активен помагач. Кога од Шопско Рударе стапиле во единиците на НОВ повеќе младинци, во истите редови се нашол и тој. Земал учество во борбите што ги водела неговата единица за конечното ослободување на Македонија. Ѓopѓи учествувал ѝ во борбите на Сремскиот фронт, каде на 21 април 1945 година загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 54.