Ѓорѓи Сотиров Томовски

Ѓорѓи Сотиров Томовски ( 1927 во Скопје12 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Израснал во сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во родниот град. Како напреден младинец, се вклучил во народноослободителното движење и активно учествувал во разни акции на напредната младина. Посебно бил ангажиран во собирањето на народната помош за партизанските единици, а вршел и разни курирски задачи. Во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил речиси веднаш по нејзиното формирање, а во состав на истата учествувал во голем број борби против балистичките банди и Германците. На 13 ноември 1944 година, учествувал во нападот за ослободувањето на својот роден град и храбро загинал во уличните борби. Неговите останки биле погребани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 271. На |first= му недостасува |last= (help)