Ѓорѓи Лазаров
Ѓорѓи Павлов Лазаров (1868 во Кнежево — не порано од 1955 година) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]
Ѓорѓи Лазаров | ||
Роден | 1868 Кнежево, Кратовско, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | не порано од 1955 СФР Југославија | |
Познат | македонски револуционер |
Животопис
уредиЛазаров е роден во селото Кнежево, тогашна Кумановска Околија. Потекнувал од сиромашно селско стопанство, кое се занимавало со правење ќумур. Уште од почетокот бил еден од најактивните селани во селото во движењето ВМРО за ослободување на Македонија од турското ропство, почнувајќи од 1900 до 1912 година.
Се зачленил во организацијата во 1900 година, кога дошол првиот организатор на областа во селото, учителот Стоил Антов од Кратово. Тогаш Ѓорѓи Лазаров бил избран за курир.
Наводи
уреди- ↑ Вечер. „ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33) | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2021-04-28.