Ѓорѓи Костовски
Ѓорѓи Захариев Костовски ( 1919 во Солун, Егејска Македонија ― 1944 во Кратово) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Ѓорѓи Костовски | ||
Роден | 1919 година Солун, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | мај, 1944 година Кратово |
Биографија
уредиПо завршувањето на основното училиште изучил занает. Се доселил во Скопје и работел како занаетчија. Како напреден работник се вклучил во Народноослободителната борба. Учествувал во разни акции против бугарскиот фашистички окупатор. Дејствувал меѓу работниците за придобивање на нови приврзаници на движењето. Учествувал во собирањето на народна помош.
Во март 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. И се приклучил на 3 македонска ударна бригада. Учествувал во големата победа на Бригадата извојувана над четниците на Дража Михајловиќ кај Селце. Потем во многубројните битки против бугарските окупаторски сили. Во една од многуте борби на Бригадата во мајската офанзива, при заземањето на Кратово, Ѓорѓи храбро загинал.