Ѓомлезе
Ѓомлезе, ѓомлезец, тури-потпечи или кашаник — македонско традиционално јадење застапено низ земјата. Има статус на симбол на кулинарството во Охрид и Струга[1]. Зборот потекнува од турскиот збор gözleme, што значи обланда. Традиционално ѓомлезето се подготвува само од брашно, вода и сол, во поново време му се додава и масло и се пече под вршник. Сè почесто ова традиционално јадење се нуди во рестораните како специјалитет.
Подготвено ѓомлезе | |
Дел од оброкот | предјадење или главен оброк |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Регион | Охрид |
Температура на послужување | топло и ладно |
Главни состојки | брашно, вода, сол |
Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Охрид.[2]
Рецепт
уреди2 кг брашно се раствораат во вода по потреба за да се добие средно густа каша. Се засолува по вкус. Тепсијата во која ќе се прави ѓомлезето се поставува на пирустија на оган за да се загрее. Штом се затопли тепсијата се попрскува со масло, се тура една мера од кашата и се покрива со затоплениот вршник. Откога ќе се испече првата кора, постапката се повторува сè додека не се потроши кашата[3] Потребни се неколку часа за да се подготви ѓомлезето.