Ѓоко Ѓорчев
Ѓоко Ѓорчев (р. 5 декември 1955 година во Неготино) — македонски поп пејач.
Ѓоко Ѓорчев | |
---|---|
Роден(а) | 5 декември 1955 Неготино |
Потекло | Македонија |
Жанрови | македонска музика, поп-фолк музика |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1988 - се уште |
Животопис
уредиЃорчев е роден во Неготино во 1955 година. Со музика почнува да се занимава од најрана возраст кога во 1970 година победува на "Златен глас" на Македонија со песната "Марија". Професионалната кариера на Ѓорчев започнува во 1992 година со настап на фестивалот Будва фест во Будва со песната Заборави од Григор Копров, 1994 година настапува на Макфест со композицијата За еден ден молам, неговиот најголем хит. 1997 година со песната Последен танц од Сашо Ѓорѓиев со групата Нели ти реков и Катерина Танева освојува 3-та награда на Макфест, која станува голем евергрин. Во својата кариера Ѓоко Ѓорчев има снимено осум студиски албуми, 1996 и 2000 година беше избран за пеач на годината на манифестацијата Дванаесет величествени. Ја претставува Македонија на големиот концерт во Москва на Црвениот плоштад по повод 850години од постоењето на градот Москва со имиња од светската сцена. Учесник е и на Славјански базар во Витебск-Белорусија, Киев-Украина. Настапува на просторот на бивша ЈУ, во Корчула на фестивалот Марко Поло, Сунчане скале во Црна Гора, Бања фест во Врњачка бања во Србија. Во Бугарија настапува на Златен орфеј во Бургас. Три пати освојува Гранд при на фестивалот Евро фест во Скопје, повеќе пати е наградуван и на фестивалот Охридски трубадури во Охрид како и на Макфест во Штип. Неговата соработка започнува со Григор Копров во 1992 со чиј композиции има снимано неколку студиски албуми, големи успеси постигнува и со композиторот Сашо Ѓорѓиев со кој ги има големите хитови Последен танц, Засекогаш ти, Моја златокоса. Голема соработка има низ целата своја кариера со текстописецот Огнен Неделковски. Дуети има снимено со Катерина Танева Последен танц, Земјо библиска, Море сокол пие вода, со Катерина Брезева-Јовано, Јованке и големиот светски евергрин Help me make it through the night. Неговиот интерес се проширува и во доменот на класичната музика каде со оперската певица Кристина Палија ги има снимено композициите The Phantom of the Opera од истоимениот мјузикл на Ендрју Лојд Вебер, Besame Mucho и Parla piu piano од култниот филм Кум.