Ѓеневички Водопади
Ѓеневичките Водопади или Водопадите на Ѓенeвица се живописен предел во Република Македонија, во Општина Маврово и Ростуше.
Ѓеневички Водопади | |
---|---|
Место | Ѓеневица, Општина Маврово и Ростуше |
Вид | нуркање, пливање, бањање |
Вкуп. висина | 14 |
Највисок слап | 14 м (46 ст) |
Природни особини
уредиОд извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 км, низ ливади, шума и карпи, правејќи водопади и каскади. Највеличествен дел претставува најзиниот кањон, кој не е целосно пристапен, заради тешкиот терен.
Картсната област Езериште e поле со група на мали езерца во северозападниот дел на планината Бистра, неколку километри северно од Галичник. Иако се наоѓаат на релативно голема надморска височина (на околу 1900 метри), овие езерца според настанокот не се леднички туку карстни, што ги прави единствени и ретки, поради фактот што карстните предели се водопропустливи. Но, овие езерца константно се полнат со вода од блиските извори, иако неколку од нив преку лето пресушуваат.
Местоположба
уредиВодопадите се сместени во Општина Маврово и Ростуше. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |