X Ambassadors

американска рок-група

X Ambassadors (стилизирано и како XA; транскрипција: Екс амбасадорс) ― американска поп-рок група од Итака, Њујорк. Во нејзиниот состав се: главниот пејач Сем Харис, клавијатуристот Кејси Харис и тапанарот Адам Левин. Рас Флин е член за турнеја, а свири на гитара и бас. Нивни најуспешни песни се: „Jungle“, „Renegades“ и „Unsteady“. Првиот студиски албум на групата, VHS, бил издаден на 30 јуни 2015 година. Нивниот втор албум, Orion, излегол на 14 јуни 2019 година. Нивниот трет албум, The Beautiful Liar, бил издаден на 24 септември 2021 година.

X Ambassadors
X Ambassadors на настап во 2015
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • Ambassadors
  • XA
ПотеклоИтака, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност2009–денес
Издавачи
Мреж. местоxambassadors.com
Членови
  • Сем Харис
  • Кејси Харис
  • Адам Левин
Поранешни членови
Ноа Фелдшу

Кон крајот на 2023 година, X Ambassadors почнале да објавуваат дел од песните од нивниот претстоен четврти студиски албум, Townie. На албумот, објавен на 5 април 2024 година, му претходеле четири синглови: „No Strings“, објавен на 19 јануари 2024 година; „Your Town“, објавен на 16 февруари 2024 година; „Half-Life“, објавен на 15 март 2024 година; и „Follow the Sound of My Voice“, објавен на 29 март 2024 година.[1]

Членови на групата

уреди
  • Сем Нелсон Харис – главен пејач, гитара, саксофон, бас гитара, тапани, перкусии (2009-денес)
  • Кејси Харис – пијано, клавијатури, пратечки вокали (2009–денес)
  • Адам Левин – тапани, перкусии (2009–денес)

Дискографија

уреди
  • VHS (2015)
  • Orion (2019)
  • The Beautiful Liar (2021)
  • Townie (2024)

Наводи

уреди
  1. Staff, Wonderland (January 19, 2024). „X Ambassadors – "No Strings". Wonderland. Посетено на January 19, 2024.