Wilco
Wilco (се чита: вилко) е амерканска музичка група од Чикаго, Илиноис која свири алтернативен рок. Групата била формирана во 1994 година од преостанатите членови на групата Uncle Tupelo, по заминувањето на пејачот Џеј Фарар. Членството на Wilco честопати се менувало, со тоа што само пејачот Џеф Твиди и басистот Џон Стират останале од почетниот состав. Од 2004 година, во останатите членови се вбројуваат гитаристот Нелс Клајн, мулти-инструменталистите Патрик Сансон и Микаел Јоргенсен и тапанарот Глен Коч. Wilco има издадено осум студиски албуми, еден двоен албум во живо и четири соработки: три со Били Брег, и една со The Minus 5.
Wilco | |
---|---|
Wilco во Музејот на современа уметност, Масачусетс, Solid Sound Fest, 2011. Од лево кон десно: Патрик Сансон, Микаел Јоргенсен, Џеф Твиди, Нелс Клајн, Глен Коч, Џон Стират | |
Животописни податоци | |
Потекло | Чикаго, Илиноис, САД |
Жанрови | Алтернативен рок, алтернативен кантри, инди-рок, фолк-рок, експериментален рок |
Период на активност | 1994 | –денес
Издавачи | dBpm, Nonesuch, Reprise |
Соработници | Uncle Tupelo, Loose Fur, Billy Bragg, The Minus 5, Son Volt, Golden Smog |
Мреж. место | wilcoworld.net |
Членови | |
Џеф Твиди Џон Стират Нелс Клајн Глен Коч Патрик Сансон Микаел Јоргенсен | |
Поранешни членови | |
Лирој Бах Макс Џонстон Џеј Бенет Боб Иган Кен Кумер |
Музиката на Wilco е инспирирана од многу музичари и стилови, вклучувајќи ги Били Феј и Television, а таа, од своја страна, влијаела врз музиката на многу модерни музичари кои свират алтернативен рок. Групата продолжила со алтернативниот кантри на Uncle Tupelo на нејзиниот прв албум „A.M.“ (1995), но оттогаш има внесено повеќе експериментални аспекти во нивната музика, вклучувајќи елементи на алтернативен рок и класичен поп.
Wilco го има привлечено вниманието на јавноста со нејзиниот четврти албум, „Yankee Hotel Foxtrot“ (2002), и контроверзијата која го окружувала. По завршетокот на сесиите за снимање, продуцентската куќа Reprise Records го отфрлила албумот и ја прекинала работата со Wilcoл Како дел од нивниот договор, Reprise бесплатно им ги дале правата за албумот на Wilco. По објавувањето на „Yankee Hotel Foxtrot“ на нивното мрежно место, Wilco го продал албумот на Nonesuch Records во 2002 година. И двете продуцентски куќи биле во сопственост на Warner Music Group, што довело до коментарот на еден критичар дека овој албум покажува „колку е зезнат музичкиот бизнис во раниот дваесет и први век.“[1] „Yankee Hotel Foxtrot“ е најуспешното издание на Wilco, со продадени 670.000 копии. Wilco доби две Еми награди за нивниот петти студиски албум, „A Ghost Is Born“ од 2004 година, вклучувајќи и награда за Најдобар музички албум за алтернативна музика. Последниот музички албум на Wilco, „The Whole Love“, беше издаден на 27 септември 2011.
Наводи
уреди- ↑ Fricke, David (9 мај 2002). „Yankee Hotel Foxtrot (review)“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2007-09-12. Посетено на 2012-08-24. Пристапено на 18 јули 2007.
Извори
уреди- Kot, Greg (2004). Wilco: Learning How to Die (прво. изд.). New York City, NY: Broadway Books. ISBN 0-7679-1558-5.
- Levy, Joe (2005). Rolling Stone's 500 Greatest Albums of All Time (прво. изд.). New York City, NY: Wenner Books. ISBN 1-932958-61-4.
Надворешни врски
уреди„Wilco“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Wilco — AllMusic (англиски)
- Wilco на Rolling Stone
Оваа статија музичка група или друг вид ансамбл е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |