Венецијански маски

(Пренасочено од Venecijanski maski)

Венецијанските маски претставуваат најстарата традиција во Венеција, Италија. Освен нивната основна намена за време на Карневалот во Венеција (Carnevale), во минатото овие маски исто така биле употребувани и за останати пригоди како криење на идентитетот и социјалниот статус. Тие им овозможувале на луѓето да се однесуваат слободно од границите на својот идентитет во друштво на други општествени групи и секојдневана конвенција.Овие маски имале најразлична примена, во криминалот, или пак, за лични цели, како романтични случувања. Маските можеле да се најдат во најразлични бои и форми, како маска која го опфаќа целото лице (т.н.баута) или маска која ги покрива само очите (т.н. Колумбина). Голем дел од нивниот дизајн е преземан од Комичната уметност (Commedia dell'arte).

Карневалот го следи своето потекло во средниот век, додека не бил укинат во 1797 година[1]. Традицијата била оживеана во 1979 година, и современиот настан денес привлекува приближно 3 милиони посетители годишно[2].

Избор на маски

Историја

уреди

Сè до крајот на Републиката, носењето на маските било ограничено. Во 18-тиот век, исто така, носење на маски било лимитирано околу три месеци сè до 26ти декември. За среќа, тоа прекинато со фестивалот кој траел една недела , она што денеска претставува Карневалот.

Видови маски

уреди

Баута

уреди

Баута (Bauta) е маска која го покрива целото лице, обично целата позлатена, без уста и со тврда подбрадница. Маската има тврда вилична линија која му овозможува на оној што ја носи да јаде, пие или пак, зборува без да ја извади и гарантира целосна анонимност.

Волто (Ларва)

уреди

Ларва или уште позната како волто (volto) маската е воглавно бела и типично венециска. Обично се носи со трикорн и вел. Нејзиното име ларва на латински значи Маска или Дух. Лесно може да се претстави ефектот на венецијанец облецен во црно со бела маска на лицето и црн трикорн како минува на полноќ. И оваа маск, како и баутата, му овозможува на оној што ја носи слободно да дише и пие, без да ја трга од себе што му овозможува целосна анонимност. Овие маски се направени од восок што овозможува угодно носење без иритирање на кожата и идеална за јадење, танцување и флертување.

Морета

уреди

Моретата (moretta) или пак, Сервета Мута (Servetta Muta) претставува овална маска од црн велвет најчето употребувана од жените при посета на верски објекти. Измислена е во Франција, но бргу станува популарна во Венеција како маска која ги изразува убавите црти на лицето на жената. Сервета Мута во превод значи Тивка Слугинка. Оваа маска не останува во употреба по 1760тата година.

Колумбина

уреди

Колумбина уште позната и како Колумбина и Колумбиное половична маска, прекрива половина од лицето, е честопати украсена со злато, сребро, кристали и перја. Поставена е на стапце или прикачена со ластик како и повеќето венецијански маски. Колумбината ја популаризира едена млада глумица од Commedia dell'arte со истото име. Се вели, дека била дизајнирана специјално за неа, бидејќи таа била преубава и не сакала нејзиното лице да биде целосно покриено.

Доктор

уреди

Маската Доктор е најбизарна и најпрепознатлива од сите венецијански маски поради нејзиниот долг нос во форма на клун. Постоењето на оваа маска има историски белег од 16-тиот век кога францускиот физичар Чарлс де Лорм ја имал направено оваа амска за себе со уште неколку истражувачи на епидемиски болести кои им се заканувале на луѓето. Традиционално оваа маска е бела со долг клун и округли очни отвори и кристален диск создаден за биспекталарен ефект. Денешните маски се поукрасени. Лекарите кои го следеле примерт на Лорм обично носеле црна шапка, бели очила и стап (за да ги поместуваат пациентите, а при тоа да не дојдат до физички конатакт со нив). Со тоа тие мислеле дека ќе се заштитат од болеста. Оние кои ја носеле оваа маска често носеле и слична облека.

Популаризација на културата

уреди

Во филмот Очи широко затворени, венецијанските маски се употребени за тајни општествени ритуали. Продавницата од која се позајмени маските се вика Il Canovaccio и се наоѓа во Венеција, а Том Круз во филмот имаше на себе оригинала маска.

Наводи

уреди
  1. Alessandro Bressanello, Il carnivale in età moderna: 30 agni di carnivale a Venezia 1980-2010 (in Italian), Studio LT2, 2010; Fulvio Roiter, Carnaval de Venise, Lausanne, Payot , 1981.
  2. Adams, William Lee (4 March 2014). „What's with those mysterious masks? The dark drama of Venice Carnival“. CNN.

Надворешни врски

уреди