Uzmem koliko mi daš
„Uzmem koliko mi daš“ (македонски: Земам колку што ми даваш) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е издадена во 2018 година. Песната е напишана од парот Хуљиќ, којшто се состои од музичарот и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот на песната е завршен од Лео Шкаро. Песната е промовирана по пат на музичко видео кое е режирано од Дарио Радусин и издадено преку Јутјуб на 20 јули 2018 година. Според текстот, во песната се работи за женскиот протагонист којшто му ги искажува чувствата на заљубеност на својот машки партнер.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |