The Guess Who

канадска рок-група

Гес ху (англиски: The Guess Who) ― канадска рок-група од Винипег. Почетоците на групата биле во 1962 година кога го носела името Chad Allan and the Expressions, а нивната преработка на песната „Shakin' All Over“ во 1965 година станала меѓународен хит. Откако го промениле името во The Guess Who, под водство на пејачот/клавијатурист Бартон Камингс и гитаристот Ренди Бахман најголем успех доживеале во доцните 60-ти и раните 70-ти. Нивни најпознати песни се „American Woman“, „This Eyes“, и „No Time“.

The Guess Who
The Guess Who во 1970 година (од лево кон десно: Курт Винтер, Гари Петерсон, Грег Лескив, Бартон Камингс, Џим Кејл)
Животописни податоци
ПотеклоВинипег, Манитоба, Канада
Жанрови
Период на активност
  • 1965 ― 1975 (1965 ― 1975)1975 (1975)
  • 1977 (1977)
Издавачи
Мреж. местоtheguesswho.com

За време на нивниот најуспешен период, The Guess Who издале единаесет студиски албуми, и сите тие се нашле на топ-листите во Канада и САД. Нивниот албум од 1970 година American Woman бил на прво место во Канада и девето место во САД, а пет други албуми биле во топ-10 во Канада. The Guess Who имале четиринаесет топ-40 песни во САД и преку од триесет во Канада.[1]

The Guess Who официјално се распаднале во 1975 година, иако басистот Џим Кејл и/или тапанарот Гари Петерсон по 1977 година имале турнеи и снимале песни под името The Guess Who, често без другите првосоздадени членови од групата.[2]

Историја

уреди

Потеклото на The Guess Who датира од 1958 година, кога пејачот/гитарист од Винипег, Чад Алан основал месна рок-група под името Allan and the Silvertones.[3] По неколку промени во составот, групата се стабилизирала во 1962 година под името Chad Allan and the Reflections, во кој членувале Алан и клавијатуристот Боб Ешли, Ренди Бахман на гитара, Џим Кејл на бас и Гери Петерсон на тапани.[3]

Групата ја објавила својата прва песна, "Tribute To Buddy Holly", под издавачот Canadian-American Records во 1962 година.[4] [5] Потоа потпишале со Quality Records и објавиле неколку песни во 1963-64 година, кои имале одредена регионална популарност околу Винипег, но не и во остатокот од Канада. 

Во 1965 година, откако американска група наречена The Reflections објавила хит-сингл, групата го променила своето име во Chad Allan and the Expressions.[6] Тие го објавиле гаражниот рок-албум Shakin' All Over во јануари 1965 година.[7] Песна од тој албум, преработка на „Shakin' All Over“ од Johnny Kidd & the Pirates, бил нивен прв голем хит, кој се искачил на прво место во Канада, 22-ро во САД, и 27-мо во Австралија.[8] [9] Нивната канадска издавачка куќа, Quality Records, го прикрила синглот и напишала дека песната е од Guess Who? (Погодете кој?) како рекламен трик за подгревање на претпоставките дека се работи за група од Британската инвазија што работи прикријно.[8][9]

Откако Quality Records открила дека се работи за групата Chad Allan and the Expressions, диск-џокеите продолжиле да ја најавуваат групата како Guess Who?, и всушност ја принудиле групата да го прифати новото име.[9] Тие го издале својот втор албум, Hey Ho (What You Do to Me!) кон крајот на 1965 година; како изведувач била наведена групата Chad Allan and the Expressions, но името "Guess Who?" било видно истакнато на корицата. [9]

Албумот American Woman бил објавен во јануари 1970 година и станал голем светски хит.[10] Тоа бил нивен прв албум на врвот на канадската топ-листа за албуми и нивен прв албум во топ-10 на американската топ-листа за албуми.[11] Насловната песна (American Woman) стигнала до прво место во двете земји,[12] [13] и исто така била голем хит во Обединетото Кралство. Со ова The Guess Who станале прва канадска група која успеала нејзина песна да се најде на врвот на Billboard Hot 100.[14] „No Time“ и „No Sugar Tonight/New Mother Nature“ исто така имале високи места на топ-листите за синглови во Канада и во САД.[10]

Дискографија

уреди
  • Shakin' All Over (1965)
  • Hey Ho (What You Do to Me!) (1965)
  • It's Time (1966)
  • Wheatfield Soul (1969)
  • Canned Wheat (1969)
  • American Woman (1970)
  • Share the Land (1970)
  • So Long, Bannatyne (1971)
  • Rockin' (1972)
  • Artificial Paradise (1973)
  • #10 (1973)
  • Road Food (1974)
  • Flavours (1974)
  • Power in the Music (1975)
  • The Way They Were (1976)
  • Guess Who's Back (1978)
  • All This for a Song (1979)
  • Now and Not Then (1981)
  • Lonely One (1995)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Guess Who | Biography, Albums, Streaming Links“. AllMusic (англиски). Посетено на February 27, 2021.
  2. „Former Guess Who friends now bitter enemies“. Winnipeg Free Press. Посетено на October 5, 2021.
  3. 3,0 3,1 Frank Hoffmann (November 12, 2004). Encyclopedia of Recorded Sound. Routledge. стр. 992–. ISBN 1-135-94949-2.
  4. Larkin, Colin (May 27, 2011). The Encyclopedia of Popular Music (англиски). Omnibus Press. стр. 1567. ISBN 978-0-85712-595-8.
  5. Guides (Firm), Rough (2003). The Rough Guide to Rock (англиски). Rough Guides. ISBN 978-1-85828-457-6.
  6. Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955–1990 - ISBN 0-89820-089-X
  7. Garage Rock Album HighlightsAllMusic (англиски)
  8. 8,0 8,1 "American Woman". Chad Johnson (January 1, 2014). CliffsNotes to Guitar Songs. Hal Leonard. стр. 15–. ISBN 978-1-4803-8467-5.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Einarson, John. American Woman: The Story of The Guess Who; Quarry Press, Ontario, Canada, pp. 35–39
  10. 10,0 10,1 American Woman - The Guess Who | Songs, Reviews, Credits | AllMusic (англиски), Посетено на February 27, 2021
  11. The Guess Who, American Woman Chart Position Retrieved March 17, 2015
  12. Празен навод (help)
  13. Martin Charles Strong (2002). The Great Rock Discography. Canongate. стр. 912. ISBN 978-1-84195-312-0.
  14. Adam White & Fred Bronson (1988). The Billboard Book of Hits. Billboard Books. ISBN 0-8230-8285-7.

Надворешни врски

уреди