Tenthredo moniliata
Tenthredo moniliata | |
---|---|
Tenthredo moniliata на цвет | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. moniliata |
Научен назив | |
Tenthredo moniliata Klug, 1817 |
Tenthredo moniliata е вид на растителна оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси).[1]
Живеалиште
уредиОвие оси се присутни во повеќето европски земји и во источниот дел на палеарктикот.[2] Тие обично се јавуваат во влажни подрачја (особено во мочуришта и езерца).[3] Во Македонија видот е собран во Маврово.[4]
Опис
уредиTenthredo monilita може да достигне должина од околу 10-12 милиметри. Овие оси се доста променливи во боите. Тие обично имаат црна глава, со жолти делови кај устата. Антените се целосно црни. На предниот дел од градниот кош има мала жолта лента. На секоја страна од првиот тергит има бело место. Третиот, четвртиот и петтиот сегмент на абдоменот се црвеникави, додека апикалните сегменти се црни. Нозете се претежно кафеави, со црни фемури. Крилата се претежно проѕирни, со кафеави жилки. Кај машките единки стомакот е повеќе црвенкаст.[3]
Биологија
уредиВозрасните единки може да се сретнат од мај до јули, и се хранат со нектар и полен од цвеќиња. Главното растение што е домаќин за овие оси е водната детелина, но може да се најдат и на некои видови лутичиња, обично оригано и грмушката Dasiphora fruticosa.[3]
Наводи
уреди- ↑ Biolib
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2021-02-23.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Artsdatabanken“. Архивирано од изворникот на 2016-03-26. Посетено на 2021-02-23.
- ↑ Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 209