Tenthredo livida
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. livida
Научен назив
Tenthredo livida
Linnaeus, 1758
Синоними
  • Tenthredella livida (Linnaeus, 1758)

Tenthredo livida е вид инсект од семејството Tenthredinidae (обични растителни оси), потсемејство Tenthredininae.[1]

Живеалиште

уреди

Овој вид е присутен во поголемиот дел од Европа.[2] Во Македонија се собрани примероци во Маврово, Пелистер и Кожуф.[3] Овие растителни оси главно живеат во шуми, покрај жива ограда и на краевите од шуми со смрека.[4]

Опис

уреди

Возрасните единки на Tenthredo livida се долги 12-15 милиметри.[4] Градите и главата се црни, со голема бела површина на устата и бели врвови на антените. Предните крила имаат бела и кафеава стигма. Овој вид е прилично променлив по боја. Стомакот е обично црн кај женките, портокалово-црвеникав кај машките единки.[5]

Биологија

уреди

Возрасните единки може да се сретнат од април до август кога се хранат со мали инсекти и со нектар и полен од цвеќињата, особено од видовите Штитоцветни (Anthriscus sylvestris, Heracleum sphondylium).[4]

Ларвите се хранат со лисја од различни растенија (главно рози, брези и врби).[4][6] Ларвите се развиваат во периодот септември-октомври.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Biolib
  2. Fauna europaea
  3. 3,0 3,1 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 202
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 J.K. Lindsey - Commanster.eu
  5. Nature Spot
  6. „Encyclopedia of life“. Архивирано од изворникот на 2018-01-09. Посетено на 2021-02-23.

Литература

уреди
  • Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985
  • Magis N. (2003): Notes faunistiques sur les espèces du жанр Tenthredo Linné, 1758 sensu lato dans la région Franco-rhénane (Hymenoptera Symphyta) : Tenthredinidae, Tenthredininae), Notes fauniques de Gembloux, бр. 53 [како Tenthredella livida (Linné, 1758)]